Песна за мојата генерација – зашто душа ме боли ете затоа

Ако постои живот.
Обичен глуп живот со троа мир,
И достоинство
И спокојна тишина
Нека намине некогаш до кај нас
Нека намине во Македонија
Вака е отприлика...

Мери зеде бугарски пасош.
А глас не ѝ се слушаше.
Никој не можеше во математика да се мери со неа.
Срна е во супермаркет на каса.
Се ебе за Ајфон или Блекбери во веце во дискотека.
Чат пат де, чат пат.
Јована е на црно во Америка – као Ворк ен травел преку лето и кур назад.
И Јована си замина.
Марија е архитекта и шуќур чув малце трудна.
Маж ѝ има еден куп пари ама од што не знае што со нив чат пат зема бело и ја шинува.
Пак паднала завчера по скали кутрата – веќе 4 пат годинава, ебате смотаната!
Постар е троа 15 години од неа маж и стопосто го знаете од град
- шета девојчици од трета/чеврта.
Весна зеде солна кога се смени власта.
Само мајка ѝ дома кај нејзе работеше – само таа до пред тоа.
Венко е во кладилница.
Откога го знам само една утакмица го заебува.
Маж е, а уште зема од неговите пари и упорно таа една ја става.
Сини му се кецовите од гризење врвови на оние евтини пенкала.
Спасе требаше космонаут да биде – заврши физика и од средно скапуваше во теретана.
Зема дванаес и двеста непријавен на шанк.
Димитар е економист ама или е на трева
и или се присмева или лаже ко лудак
којзнае како крај со крај врзува.
Дарко се ебе со која ќе стигне и на крај ќе заврши или со некоја дроља
или ко некое куче во дом сам. Ни род ни роднина.
Не може ни Вардар греовите да му ги измие – по двеста грева во минута.
Општо онака... а и за сето тоа што го пишува.
Не прашувај зашто и како као нешто сега пишува и е познат...
Боже ќе се отрујам!
Не верува ни во никого.
Таков беше од мал - нит во маж ни во жена.
Скаперник - самотњак.
Ниџо последно ко што слушнав си одмара во Шутка.
Му пукнал череп на некој Албанец во дупла двојка.
Како зашто? Па за Македонија да ти ебам!
Александар е на хорс од преклани од Нова Година.
Требаше стоматолог да е – убав тој на тато убав!
Повеќе очи имаше на него него заби што имаше во устата кога го видов завчера.
Ѓорѓи уште во средно влезе во партија.
Лепеше плакати ние дури игравме по подруми видео игри
и сега работи во едно министерство на трети спрат.
На сите што го дупеа тоа време им еба мајката во пичка.
Па и на сите цури што не му даваа оти ги гњавеше
и не можеше да ја каже пола азбука ко што треба.
Сега никој здраво не му вика,
А нит му треба - има беемве икс шеска.
Дамјан е за документи со една бабетина од Италија.
Гњави секој ден на Скајп,а јас молчам или лажам кога ме прашува за Билјана.
Години нема муабет со неговите.
Не беше ни на погребот од тетка Вера.
Јована го продаде станот од покојна баба ѝ што беше за нејзе и отвори пицерија.
Пред недела дена јадев и одлична ѝ е уште храната.
За чаршафите не можев да издржам.
За чаршaфите не можев да издржам што минимум ги користи четврта година и ѝ спомнав.
Пишман се сторив.
Се сторив пишман што нит се видовме раат зашто саат време ми збореше за инспекција,
па казни и нож догуша па инспекција па на нула.
Далибор е океј и во една банка си зема пристојна платичка.
Малце години е зовриен да се ожени.
Малце кришум последен пат кога бевме излезени на кафе после работа
му ѕиркаа од ташната спрејови против опаѓање на коса.
Малце тешко ми е години да му кажам
дека дур не се разведи во главата со мајка му - никад нема.
Во последно малце одвишка и си шљока.
И секоја е курва. Секоја е мивка и дрољетина откога ќе се начука.
Ева е креаторка. Имаше пари татко и.
Сега и сама знае дека не беше којзнае колку талентирана.
Чат пат се гледаме на некој шанк.
Во некоја последна биртија.
Се гушкаме касно во ноќта.
И секогаш кафе договараме.
И секогаш ај ќе се чуеме е замена за никогаш.
Ни секс ни град вришти демонот во неа
кога ќе се разбуди покрај некој бруцош утрината.
Нит секс ни град вришти во нејзе демонот
кој сите розеви сништа како бебиња во розеви шпилхозни
со нож ѝ ги закла бавно и пополека...
Убава е богата е и сама ко после секс женска богомолка.
А како времето минува радо би зготвила и грав ја гледам
Не е ни глупа.
И секс и грав,
само раат да има
само раат да има со некој убав и фин дечко кој неа,
а не парите на татко ѝ ќе ги сака.
Душичка.
Едно време ко брат и сестра бевме.
Ми иде на повраќање кога ќе ѝ залута некогаш на пијано раката кај не треба
– ми се повраќа и ми иде да ѝ ја бапнам!
Среди се дури лежи со нос пукнат –
среди се аман, посилно од сите нејзини евтини другарки јас да вриштам!
Сашо е доктор. Еве веќе шеста година чека и збори за таа специјализација по пластична хирургија.
Последен пат кога се видовме си го гризнав јазикот да не му кажам
„Брат ти прво сам ќе треба да се оперираш...“
Магдалена е режисерка.
Магдалена беше чудак ама талентирана до бестрага.
Монтира реклами ако се снајде и ги дипли по некои двеста триста евра на секоја пола година.
Догодина ако искочи нешто де! Не иде така таа работа!
Во последно само по манастири се шета и прави некои неповрзани муабети и ич арна не ми се гледа.
Као снима мир.
Најверојатно оној мир што никој од овие го нема.

Доста е ?
Доста е а ?
Као живот а?
Као јебига?
Животот?
Животот не учеше со нас.
Нит во овој град.
Нит во оваа држава.
Него никој од мојата генерација нит го видел.
Нит некој го познава!
Бог?
Бог не доаѓаше кај нас.
Нит во нашето основно
Нит во нашето средно
Нит на факс.
Не сме ние негови деца не доаѓаше тој ни како Дедо Мраз.
Прашајте некој помлад утре.
Прашајте некој постар вчера.
Ние сме во чекална.

Во темна чекална на некоја железничка и тивко го чекаме возот на Смртта.
Фапа неонката.
Глас не ни се слуша.
Нит надеж имаме.
Нит верба.
Само крвариме сите посебно во себе и криеме.
За да не не примети некој – за да не ни смеат!
Изгубени сме.
Изгубени во срања и страв.
Чиниш само стравот ни кажува оти живи сме.
Чиниш само гомната и крвта од срцата наши вкус имаат.
Само стравот и крвта која капи навнатре во нас.
Младоста?
Младоста ја киднапиравме ние сите!
И Мери и Срна и Јована и Марија и Весна и Венко и Спасе и Димитар
и Дарко и Ниџо и Александар и Ѓорѓи и Дамјан и Далибор и Ева и Сашо
и Магдалена и Грци и Турци и Роберт Дауни и издаици и комити
и кичот и Албанци и бугарски пасоши и Визи и Роми и Бошњаци
и Келти и богати и сиромаси и политиката и Срби и очајот и војната
и главни и гладни и паметни и морони и Бој Џорџ и Дракула и Мадона
и Мекдоналдс и Манго и Зара и кој сè не...

Маме му ебам кој прв сето го почна .... ја киднапиравме и ја силувавме и реденка ѝ направивме
реденка како во лош сон сите полни со никотини и алкохол и дрога
Со сништа ко мртвороденчиња во нас ја силувавме ние Младоста
со залудни сни ја силувавме редум насредина во некое средно
или основно на центар во некоја спортската сала каде фапа неонката.
Младоста си ја силувавме.
Младоста.
Во знаме ја завиткавме во знамето од нашите татковци државата ни векоита,
ја завиткавме Младоста наша мртва и кутра утрината.
Волци.
И хиени.
Гнаси.
Изгубени деца и абортуси на историјата.
И тече времето.
Капка по капка.
И нервира.
Сè не нервира.
Чиниш Живот чекаме.
Секој посебно го чекаме Животот пред нашите лица.
Оној обичен глуп живот кој ќе ни се извини што толку време каснел да дојде и кај нас.
Секој од нас посебно да му поминеме со рацете низ неговата убава бујна косичка.
Да кажеме: Не треба сега веќе касно е... не треба фала!
Зашто ако постои тој живот, тој обичен мочан глуп живот со малку спокој и тишина за нас
Тогаш тој има да нè моли има да нè моли има да ја моли за прошка мојата скршена генерација
Има да ја моли.
Да ја моли.
На колена.
На колена.
На колена.

18 ноември 2013 - 14:33