Требало да се градат дата центри за да не сме биле зависни од комшиски дата центри и да не сме заостанувале. Луд јебе збуњенога, интересна ми е кампањава шо ја фураат одредени фаци дека тоа ѝ треба на Македонија за да не сме биле „зависни“.
Ало абдали, зависни сме од увоз на струја, зависни сме од увоз на пченица, за месо, општо храна, толку сме зависни што уште малку ќе висиме по бандери, они да не сме зависеле од комшиски дата центри. Исти економски просперитет како со мини хидро-централи и соларните панели. Еден бенефит шо ќе имаме, до курца.
Македонија нема вишок струја, нема вишок вода и нема инфраструктура за да храни туѓи технолошки гиганти. А ние што правиме? Им велиме, повелете, земете. Не бе, не треба. Земи бе друже, земи на ти.
Дата-центарот ќе троши огромни количества електрична енергија, вода и мрежен капацитет, а ќе создаде релативно мал број трајни работни места. Ќе добиеме бетон, трансформатори, далноводи, генератори и уште еден огромен потрошувач а инвеститорот ќе си го земе профитот.
И потоа ќе ни кажат дека тоа е инвестиција. Не, брат.
Инвестиција е кога земјата станува побогата од проектот. Не кога станува пооптоварена. Ние немаме задача да бидеме евтина батерија и евтина локација за туѓи сервери.
Имаме задача да произведуваме сопствена вредност.
Ако немаме доволно струја за сопствените граѓани и индустрија, прво да произведеме повеќе. Ако водата станува се поскапоцен ресурс, прво да ја заштитиме, нешо слично ко Словенцине. Ако младите си одат, прво да создадеме работни места поради кои ќе останат. И дури после да размислуваме кому ќе му го изнајмиме нашиот енергетски систем.
Ајде ние еднаш да го прашаме инвеститорот: Што ќе направиш ти за Македонија?
Не колку милиони ќе потрошиш, туку:
Колку струја ќе платиш (што мислите, кога ќе почнат тие центри да влечат струја, кој ќе го плаќа увозот на истата?)
Колку вода ќе оставиш?
Колку трајни работни места ќе создадеш?
Колку инфраструктура ќе финансираш?
И колку од создадената вредност ќе остане тука?
Затоа што ако Македонија дава земја, вода, струја, инфраструктура и олеснувања, а добива неколку работни места и огромна зграда полна со туѓи сервери, тоа не е развој. Тоа е изнајмување на Македонија на квадратен метар.