Постојат и поголеми фестивали на кинематографери во светот (како на пример оној во Полуњ, Полска), но ако меѓу нив има натпревар, „Браќа Манаки“ убедливо ќе им ја зема титулата Мис Шарм. Посветеноста на организаторите, лежерноста на Широк сокак, педантно дотераните битолчанки и господски дистанцираните битолчани, прават на гостите од странство да не им се оди дома. Така се случи човекот на Кристофер Нолан да свири блуз пред Офицерскиот.
Викаат Јануш Камински (Шиндлерова листа) не сакал да си оди од што му било убаво. А Дариус Конџи (Seven) лани им барал да му продолжат престој во Битола.