Младите и нивните проблеми

Ме фати страв од готичарки. Незнам што да правам?

Шетајќи во 2 саат по полноќ, ми дојде одлична оптимистичка идеја за да си ја скратам досадата: појдов на бурек и одлучив да го јадам истиот некаде во парк. Арно ама, немаше светла и беше речиси сè темно; снемав апетит, го оставив бурекот и се чукнав у гради кога видов како група на екстровертни готичарки дојдоа слушајќи хеви метал на нивниот звучник.

Седнаа спроти мене и слушнав тивко каде што зборуваат за мене и ми се подгледнуваја и потсмевнуваја, во тој момент се разбира дека ги задржив моите sigma способности и почнав да глумам "non chalant". Почнав да гледам јутјуб туторијал за самоодбрана во такви ситуации, кога слушнав глас "дечко имаш упаљач" одма знаев дека не се моите привремени халуцинациски гласови. Играв safe и му дадов упаљач. Кога му го дадов упаљачот почнаа да ме испитуваат за мојот живот, прашањата беа у типот на: Кај учиш? Со кого познаваш? (Оние basic прашања)

Разменивме инстаграм и имавме добар и квалитетен опуштен муабет направено. После некое време добив прашање: Ќе станеш ли дел од нашето gothic друштво?

И јас као бев Окееј?!?!? Зошто да не?

Добив одговор со: "Супер тогаш треба да се облекуваш вака". Реков "молим", немам свое право да се облекувам во она што го сакам?

Доколку бидеш дел од таква група ,а истовремено немаш алтернативен стајл тоа значи дека не си дел од "goth" светот. - рече таа (најубавата во друштвото)

Одма знаев дека instantly без многу размислување другарите што сум ги имал ќе ме отфрлат.

Дали е океј да го оставам своето улично друштво и да станам готичар поради тоа што ми се свиѓа дружбата со готичарки а истовремено дел од нив ми се атрактивни?

Дали ќе испаднам нефер или ќе испаднам јака фаца која се дружи со убави готичарки и ќе добијам бесконечно аура пред сите нив? - Прашање кое ме мачи цела ноќ и не можам да заспијам.

Неможам да се пожалам од своето старо друштво, не е лошо и ако би останел со нив. Но новово друштво е баш онака "партали" и повик кон нешто што е сосема ново и јака ЕУФОРИЈА за мене.

Complicated_Persona, Редит

1 септември 2026 - 15:36