Балканштина

Човекот кому грб му чуваат милион долари

На овој балкан бој му здосадило да слуша јако некои луѓе се богати, како има шеици со по десет милијарди долари па се прашал, ќе има ли ксмет и тој еден ден да има илјада (?) па десет илјади, па сто, па милион... За среќа, нашол вистински човек кој ќе му помогне да му се оствари желбата. Не, не е инвеститор. Тату мајстор е.  

Коалиција на денот

Фронтменот на Ѓаволи, Нино Белан, кај Лака на подкаст („Опет Лака“, препорачуваме), раскажа добра случка. На времето тие, Дино Дворник и други свиреле во Сплит и било решено парите од концертот да се дадат за реконструкција на некоја тамошна црква. И сега замислете ја сцената кога излегува попот и вика: „Фала им на Ѓаволите!“

Црногорски одметник од својот род

„Црногорците се мрзи, Босанците се глупи, Словенците се циции...“ пееше Рамбо Амадеус на тема предрасуди. Фаст форвард денес во Америка: Чикашката антимигрантската полиција апси странец кому дозволата за престој му завршила пред дури десет години, а тој во меѓувреме некако успеал да се вработи како -полицаец! Радуле Бојовиќ, Црногорец. Ок, Словенците стварно се циции.  

Пловдив, пендрек и Бијело дугме

Сејо Сексон вади интересна теза зошто во бивша Југославија беше толку важна и богата рокенрол сцената, на ниво кое не можеа ни да го сонуваат тогашна Романија или Бугарија. Па раскажува што му кажал Бреговиќ за тоа кога свиреле во Пловдив, кога народната милиција мавала со пендреци ако некој станал од столче. Оти тоа го рачунале за непристојно.

Пантелија не е за шеќераши

Огромна торта долга најмалку два метра, од неа излегува бел дим, околу неа пршти огномет а во салата свири оркестар. Личи на класична балканска теревенка само што во случајов, тортата е во облик на мртовечки сандак а оркестарот е оној што свири на погреби. Каде? Во Србија, нормално.