Балканштина

Каква људина било тоа

Внук ја носи баба му на зрачење. Лежи старата позади во колата, снеможена од болеста и терапијата. На бензиска станица внуков го здогледува Халид Бешлиќ, му оди и му кажува што е работата, дека старата е лошо и физички и психички и дали може да дојде и барем да ја поздрави, да ја дигне малку во расположението. Гледајте го сега царот што прави. Тоа биле нејзините последни денови.

Никој нема да биде „Халид наместо Халид“

„Ни отиде Халид. Го оплакуваат луѓе од трајно раскараните и завојувани страни. Го жалат и оние кои би ги развеселило кога би умрел секој друг кого оние другине го жалат“, напиша деновиве Миљенко Јерговиќ по веста за заминувањето на легендарниот пејач кој повеќе сакаше да го паметат како добар човек.

Ненад Јездиќ, херој или злосторник

Случајот нè потсети на времињата кога овде се прекинуваа претстави или доделувања награди (оној глупан Паралитико со Орхан Памук), сè во името на мисијата земјата да ја извадат од мракот ама за да ни донесат слобода, никој нема слобода да мисли поинаку од нив. После една театарска претстава, српски глумци дигнаа индекси како солидарност со студентите. Еден од нив не дигна. 

Кој како ја слушаше 1995 година

Во 1995 година Оезис ја извадија „Wonderwall“ a Палп “Common People“. На топ листите растураа „Waterfalls“ на ТЛЦ и „Gangsta's Paradise“ на Кулио. Ник Кејв и Кајли Миног ја испеаја „Where the Wild Roses Grow“ a Дуран Дуран ја преработија „Perfect Day“ на Лу Рид. Истата 1995 година, музичката поплава во Бугарија го исфрлува Володја Стојанов со песната „Пирамиди, фараони“. 

Кога правдата се зема во свои раце

Накратко за случајот со убиецот Филип Завадлав од Сплит. Филип има земено оружје и ладнокрво има убиено тројца млади дечки. Осуден е на повеќедецениска казна затвор а во едно од последните обраќања во судницата, на судијката ѝ има кажано: Да си ја вршевте вие работата, сега тие ќе беа в затвор, а не јас.

Несудениот Тесла

Поранешна Југославија имаше значаен иновациски и патентен потенцијал, создаваше и развиваше свои технолошки решенија и добар дел од нив беа заштитеени преку патенти во домашните и меѓународните институции. Сепак, не сите изуми ја имаа среќата да најдат широка примена и да станат прочуени. Некои од нив, можеби затоа што беа вонсериски непотребни.