Наставник по математика од Смедерево кој лани беше финалист на Global Teacher Prize (еден од 50-те најдобри наставници во светот) и има Јутјуб канал на кој држи лекции по математика, не ги запоставува ни другите предмети кои децата ги интересираат. Озбилен како на Струшки вечери на поезијата, чита стихови од оглупувачките песни на кои се форматира светлата иднина на овие простори.