Дали Дедо Мраз е вистински?

Целосната логистика околу Дедо Мраз и неговата новогодишна операција е научно издржана (гранично) и не треба да ве чуди ако имате подлабоко познавање на физиката.

Неколку ставки:

- Бидејќи Нова година не доаѓа во исто време низ цел свет, Дедо Мраз има 32 часа за да ги испорача сите подароци.

- Имајќи ги предвид сите деца на кои треба да им даде подароци, површината на планетава и слично, Дедо Мраз за овие 32 часа треба да мине 389 милиони километри.

- За ова ќе треба да вози со брзина од 3.367 км/ч.

- Ако се има предвид дека подарокот на секое дете во просек тежи по 900 грама, Дедо Мраз ќе треба со себе да носи околу 2 милиони тони подароци.

Бидејќи сето ова е крајно неизводливо со стандардната опрема, сомнежот е дека Дедо Мраз користи „црвји дупки“ во испорака на пакетчињата или санка со ворп погон.

Има и едно покомплицирано решение од ова и се базира на квантна механика. Претпоставката во квантна механика е дека секоја една можна опсервација за Универзумот е реална и дека секој „тајмлајн“ што може да се случи се случува.

„Што ако на новогодишната вечер Дедо Мраз креира по еден Универзум за сите нас и има по еден од него за секој Универзум што го креирал, а неговата вистинска магија е дека секое новогодишно утро кога ја отвораме кутијата за да видиме што има внатре тој ги врзува сите наши тајмлајни во еден,“ објаснува Џо Хенсон.

 

31 декември 2021 - 16:45