Кјубан лично ја поддржува изградбата на гигантски центри за податоци, нагласувајќи дека тие треба да се изградат одговорно, но е скептичен во однос на апокалиптичните предупредувањата од директорите на Anthropic и OpenAI и нивниот повик колективно да го диктираат развојот на вештачката интелигенција.
Затоа го прашал четботот Грок – чедото на компанијата xAI на Илон Маск - „дали е поверојатно вештачката интелигенција или климатските промени да создадат серија настани што би ги истребиле луѓето во следните 25 години?“.
Вештачката интелигенција е поверојатна од климатските промени. Веројатноста за истребување од ВИ во следните 25 години е приближно 3%“, одговорил Грок.
Неговата пресметана веројатност за уништување на човештвото предизвикано од климатските промени е 0,001%.
Нема веродостоен пат до истребување толку брзо. Поголема е веројатноста луѓето да можат да се прилагодат на климатските промени преку технологијата и миграцијата, одговорил агентот.
Чет-ботот проценил дека во изминатите 10 години имало помеѓу 500.000 и 2 милиони смртни случаи поврзани со климата. Предупредил дека билансот може да порасне на десетици милиони во следните 20 години, како последица на горештините, маларијата и неухранетоста.

Одметнатата вештачката интелигенција била на првото место кога Грок направил список од десетте најголеми закани за уништување на човештвото.
- Вештачка интелигенција што не е усогласена со човечките вредности: 3%
- Вештачки предизвикана пандемија: 0,5%
- Непредвидени технологии: 0,2%
- Нуклеарна војна: 0,05%
- Нанотехнологија: 0,05%
- Природна пандемија: 0,01%
- Екстремни климатски услови: 0,001%
- Ерупција на супервулкан: 0,001%
- Удар од астероид: 0,0001%
- Ѕвездени настани: <0,00001%
На почетокот на овој век, кога се уште се чувствуваше стравот од Студената војна, а истражувањата за вештачка интелигенција беа во рана фаза, табелата за најголеми закани беше сосема поинаква:
- Нуклеарна војна: 25%
- Климатски промени и уништување на озонската обвивка: 15%
- Пренаселеност и криза со храна: 12%
- Заразни болести: 10%.
- Економски потреси и глобализација: 10%.