Тужбите за кршење авторски права не се ништо ново за технолошките гиганти од Силициумската долина, но досега се суделе со издавачките куќи. Ова е првата тужба од директните носители на правата на уметниците. Судската одлука може да постави преседан како моделите со ВИ можат да ги користат музичките каталози.
Антропик изгради цел бизнис модел врз основа на повреда на авторски права. Уште од своето основање, моделот „Клод“ презел заштитен материјал од практично секоја песна од секој каталог достапен на интернет, се наведува во тужбата од Authentic Brands Group - организацијата за лиценцирање која има сопственост и врз музиката и врз ликот на Елвис.
Тужителите ја процениле штетата на 150.000 долари по песна, односно околу 41 милион долари за користените 274 песни од каталогот на Елвис.
Музичките платформи со вештачка интелигенција работат со анализа на големи количини снимена музика со цел да ги научат звуците, структурите и изразите на песните, а потоа им овозможуваат на корисниците да создадат своја музика генерирана од вештачка интелигенција преку текстуални или говорни инструкции.
Копиите генерирани од украдените песни често пати се сервираат како оригинали на музичките платформи. Минатата недела, гигантот Spotify објави дека во текот на изминатата година од листата препораки до корисниците отстранил околу 50 милиони песни генерирани од модели со ВИ, а кои биле претставени како композиции на живи автори.