Нападот бил извршен во септември, но бил откриен по речиси две недели, откако службеник забележал невообичаено висока фактура за активност од информатичка компанија што имала пристап до системот.
Иако не беше именувана во полицискиот извештај, компанијата „Pays ApS“ призна дека бил злоупотребен нејзиниот пристап кој го добила за да потврдува податоци за деловни клиенти.
Националниот регистар на Данска чува податоци на околу 11 милион лица, речиси двојно повеќе отколку што има жители во кралството. Има документи за починати лица и Данци кои се отселиле во странство.
Базата содржи имиња, адреси, датуми на раѓање, државјанство и брачен статус, како и единствен број со 10 цифри што се користи во здравството, за банки и даночни обврски.
Хакерот, кој подоцна воспоставил контакт со весникот „Политикен“, истакнал дека се пробил во системот преку легална корисничка сметка, која го заштитила пристапот со една од најпростите лозинки воопшто.
Подоцна открил дека лозинката „123456“ ја користеле и еден од администраторите на системот, како и уште двајца корисници. Во рок од 12 дена извршил 14 милиони автоматски пребарувања.
Некој остава куфер со 10 килограми плутониум без надзор на железничка станица. Потоа, еден бездомник го краде. Се разбира дека не треба да се крадат туѓи куфери. Но, исто така, не треба туку така да се остава нуклеарен материјал на железничка станица, забележал хакерот.