Кошарка

Арис прави силна екипа со газда милијардер, доаѓа и Нено Димитријевиќ

Со новиот тренер на клупата, легендата на европската кошарка Василис Спанулис и нова управа на чие чело од пред неколку месеци е младиот милијардер Ричард Сијао, солунски Арис сака да направи евролигашка екипа конкурентна на најголемите европски клубови.

Кога Едо Авдиќ им ги изел јагодите на Бостон Селтикс

Најпознатиот кошаркарски коментатор од овие простори, Един Авдиќ почина на 47-годишна возраст а веста ги потресе сите љубители на кошарката на овие простори. Едо важеше за врвен стручен коментатор со одлична смисла за хумор. Еднаш во еден од неговите подкасти раскажа анегдота со Бостон Селтикс.

Сè за една маалска партија баскет

Снимката е од Неапол, град полн со фанатици за фудбал. Ама баскет си е баскет. Игра без која нема маалски живот. На ова игралиште гледаме голема детска желба, ама не гледаме обрач. Се игра од љубов со помош на имагинација.

Олимпијакос пак го разби Панатинаикос, на Атаман му се криви судиите и новинарите

Во првата средба од финалната серија во грчката Суперлига, големите ривали Олимпијакос и Панатинаикос се сретнаа по којзнае кој пат сезонава. Црвено-белите ја искористија предноста домашен терен и пред преполни трибини славеа 82-76. Панатинаикос се врати од огромни -17 но на крај промаши чисти отворени шутеви и новиот европски шампион заслужено славеше.

Емоцијата на Един Авдиќ во една тројка

Регионалната кошаркарска и новинарска сцена го загуби еден од своите најпрепознатливи гласови. Един Авдиќ почина ненадејно на 47-годишна возраст, а трагата што ја остави дефинитивно никогаш нема да се изгуби. Авдиќ беше препознатлив по својот специфичен тон, емотивност и длабока поврзаност со кошарката. Неговиот глас се слушаше на домашните првенства, АБА лигата, Евролигата, НБА, како и на големите репрезентативни натпреварувања.

Изненадувачки старт во НБА финалето, Њујорк направи брејк

Њујорк Никс го победи Сан Антонио Спарс на гости со 105-95 во првата финална битка и поведе со 1-0 во серијата до четири победи. Џејлен Брансон постигна 13 поени во последната четвртина, само 6 помалку од целиот тим на Спарс.

Реал Мадрид шокиран, Тенерифе ги победи по -7 во последните 53 секунди

Кошаркарите на Тенерифе направија голема сензација откако го победија Реал Мадрид на гости 98:97 и поведоа со 1-0 во четвртфиналето на доигрувањето за шампионска титула во Шпанија. Тенерифе направи чудесен пресврт откако губеше 7 поени разлика на сам 57 секунди до крајот. На крај шут за триумф на Реал имаше Марио Хезоња но го промаши.

Вембанјама го урна шампионот! Сан Антонио е во финале на НБА после 12 години

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се пласираа во големото НБА финале откако синоќа во мајсторката го победија актуелниот првак Оклахома Сити Тандер 111:103 на гости. Вембанјама покажа дека е еден од најдобрите кошаркари на свет.

Чудесен начин да се избегне испаѓање во втора лига

Екипата на Сарагоса направи луд пресврт во последното коло од шпанската кошаркарска лига откако победи против Рио Бероган 95-94 иако на 24 секунди пред крајот губеше со -6 поени разлика. Јунак: Италијанецот Марко Спису.

Славјето на улиците на Атина за европската титула на Олимпијакос

Кошаркарите на Олимпијакос се нови владетели на европскиот трон откако во големото финале на Евролига после пресврт го совладаа големиот Реал Мадрид 92:85.

Њујорк Никс е финалист после 27 години

Кливленд се соочи со чистка во финалето на Истокот од 4:0. Точка на доминацијата беше ставена во четвртиот натпревар, кој Никси го добија со неверојатни 130:93.

МВП на НБА со глума на сезоната

Оклахома Сити Тандер, актуелниот шампион во НБА овојпат го одбрани домашниот терен на вториот натпревар од финалната серија на Западот. Тандер го победија Сан Антонио Спарс 122-113 и израмнија 1-1 во серијата која сега се сели во Тексас. Најефикасен беше МВП-то Шеј Гилџес-Александер со 30 поени, 9 асистенции и 4 скока, но и со некои беспотребни глуми.

Вембанјама се чудеше на забивањето на свој соиграч

Оклахома му направи брејк на Сан Антонио во финалето на Западот. Рукито Стефон Касл беше прв стрелец во својот тим. Погледнете му го ова лудо „Ол стар“ забивање, а потоа реакцијата на Вембанјама и Реџи Милер.

Тоа се тие валкани игри што ретко кој ги гледа

Во секој спорт на теренот се случуваат кошкања, закачки, тенгење, влечење, штипење коешто камерите, навивачите, гледачите ретко го фаќаат. Ама кога ќе го фатат, тогаш пука срамот. Како на пример кошаркарот на НБА шампионот Оклахома, Чат Холгрем кој намерно го стапнува Вембанјама при едно слободно фрлање. Да не се одрази по топката.

Њујорк Никс се спаси после -22 поени негатива со Кливленд

Кошаркарите на Њујорк Никс поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од Источната конференција откако со 115:104 го совладаа Кливленд Кавалирс.

Вембанјама е намерачен на титулата, го испегла и шампионот на гости

Сан Антонио Спарс со победа ја отворија серијата против Оклахома Сити Тандер 125-118, а младиот Французин Виктор Вембанјама одигра чудесен натпревар. Тимот од Тексас сега води со 1-0 во серијата од финалето на Западната конференција.

Атаман го навреди македонскиот репрезентативец

На иста бранова должина со газдата на Панатинаикос е и тренерот на оваа екипа, Ергин Атаман. Кога им оди тогаш ликуваат како пауни. Кога губат не знаат да признаат пораз и да прифатат дека некој е појак од нив. Валенсија која сезонава игра магична кошарка, им одржа права лекција и ги доби на три натпревари по ред за епски пресврт. Атаман после поразот го кривеше Ти-Џеј Шортс кој игра за Македонија.

Епски пресврт: Валенсија го разби Панатинаикос и оди по пехарот на Фајнал Фор

Неверојатен и мошне редок пресврт се случи во четвртфиналето на Евролига каде Валенсија по негатива од 0-2 против силниот Панатинаикос, славеше три победи по ред од кои две на гостински терен во Атина и осигура пласман на Фајнал Фор каде ќе се бори за историска прва титула европски шампион.

Спремен одговор на Вембанјама: 27 поени и 17 скока, Сан Антонио пак води

Сан Антонио Спарс, екипата која речиси цела сезона беше прва на табела во својата конференција, повторно поведе во серијата против незгодната Минесота Тимбервулвс. Спарс славеа 126:97 на домашен паркет и сега водат 3:2 во серијата.

Јак фејк на Вемби

Сан Антонио ја доби Минесота со 126:97 и поведе со 3-2 во полуфиналето од Западната конференција. Вембанјама блесна со 27 поени, 17 скока, 5 асистенции и 3 блокади. Погледнете што му направи на Гоберт. Се изгуби човекот.

Ви текнува на Јоанис Бурусис? Ене го во четврта лига дава победнички поени

Легендарниот грчки центар Јоанис Бурусис кој пред пет години ја заврши богатата играчка кариера која му траеше цели 21 година, пред извесно време решил пак да се активира. Го облекол дресот на четвртолигашот Анагенезис од неговиот роден град Кардица. На последниот натпревар дал победнички кош, имал 21 поен, 15 скока и 4 асистенции за 25 минути на паркетот. Интересно играл со 39 степени температура и не се жалел.

Скандал на Вембенјама, Минесота израмни 2-2 против Сан Антонио

Екипата на Минесота Тимбервулс е најнезгоден состав во актуелното доигрување за титулата во НБА лигата. Синоќа го совладаа Сан Антонио Спарс 114:109 и израмнија 2:2 во полуфиналето од Западната конференција.

Прво скокна па шутна, како прваче

Сан Антонио Спарс израмни против Минесота 1:1 и тоа дрско со 38 поени разлика. Девин Васел ги изнасмеа во студио, со потег кој последен пат сме го виделе во Козле 96-та.

„ОАКА“ во Атина вриеше ко котел, Атаман направи хаос

Драмата во Евролига достигнува кулминација. Во четвртфинале за пласман на Фајнал Фор има жестоки битки меѓу Панатинаикос и Валенсија (2-1), Хапоел и Реал Мадрид (1-2). А Олимпијакос веќе си ја заврши работата против Монако со три убедливи победи. Најинтересно е меѓу ПАО и Валенсија. Грчкиот состав направи голема работа со 2 тешки триумфи на гости во Шпанија, но Шпанците сега возвратија во Атина. Синоќа славеа 87:91 и сега е 1-2 во серијата.