Кошарка

Како на Црногорците им „го украдовме“ Бо Мекејлеб?

Лестер Бо Мекејлеб беше една од најсилните карики во блескавата Македонија на незаборавното Европско 2011 каде завршивме четврти. Ама за да го направат репрезентативец имало страшна трка со времето. Врба Стефанов фаќал врски, а за вадење на пасошот помогнала министерката Јанкуловска која прашала дали е добар? :). Целата сага ја раскажува тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски.

Лејкерс губи чекор, Леброн му се изнавика на Шенѓун

Кошаркарите на ЛА Лејкерс имаа убедлив, скоро неверојатен почеток на доигрувањето за титулата откако поведоа со 3-0 во серијата против Хјустон Рокетс, но „ракетите“ го искористија овојпат отсуството на Дончиќ и со нов триумф намалија на 3-2 во серијата.

Каква е ова рампа Викторе?

Сан Антонио Спарс за првпат по 2017 година се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Во петтиот натпревар ги елиминираа Портланд Трејл Блејзерс со 114:95, завршувајќи ја серијата со 4-1 во победи. Виктор Вембанјама го заврши мечот со 17 поени, 14 скокови и дури 6 блокади. Погледнете ја бананава.

Маскотата на Денвер Нагетс Роки даде луд кош

Што би рекол коментаторов, Роки маскотата кој е легенда во салата, покажа и зошто:

Владе Дивац ја призна грешката со Лука Дончиќ и раскажа за анегдота со Карим Абдул Џабар

Некогашната НБА ѕвезда, великанот на југословенската кошарка Владе Диваац во подкастот „Фаст Брејк“ кај Бајрон Скот откри неколку интересни анегдоти и призна дека направил грешка што го пуштил Лука Дончиќ иако можеше да го доведе во Сакраменто Кингс кога беше директор во клубот.

Јокиќ пак му се пушти на Мекданиелс

Испровоциран од еден груб и безобразен фаул на Мекданиелс таму уште на првиот натпревар од серијата меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс, Никола Јокиќ постојано му е кивен на ривалот кој се обидува да го провоцира на пргав начин. На претходниот натпревар 25-годишниот Џајден Мекданиелс кога сите играчи се поздравуваа на завршен натпревар, во последни секунди се залета да положува и тоа го изнервира Јокиќ. Сега пак го испровоцира а овој му се пушти.

Снажен одговор на Јокиќ, Денвер Нагетс е жив во серијата

Минесота Тимбервулвс повторно се обиде со груба и пргава игра уште еднаш да го скроти Денвер Нагетс, но Никола Јокиќ овојпат не дозволи пак да го изгуби својот терен. На домашен паркет Нагетс славеа 125:113.

Фантастичен настап на Вембанјама, се врати со стил за нова победа

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Денвер пак изгуби, Јокиќ направи хаос на паркетот

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Јокиќ и Мареј пак се испромашија, Минесота победи и сега води 2-1 во серијата

Минесота Тимбервулвс која го елиминираше Денвер Нагетс од доигрувањето за титулата и во 2024-та година, и сега повторно се покажува како тврд ривал за Јокиќ и другарите. Во третиот натпревар од серијата „волците“ славеа убедливо 113:96 а Никола Јокиќ имаше меч за заборав со огромен број промашени шутеви.

Дали хрватски судии го оштетија македонски ТФТ?

Кошаркарите на ТФТ Скопје се држеа до самиот финиш со Широки Бријег во финалето од баражот за пласман во АБА лигата но на крајот изгубија со многу убедливи 88-69. Практично 19 разлика на кои кумуваа и некои спорни судиски одлуки.

Детроит Пистонс, некогашниот шампион, конечно победи дома во доигрување после 18 години

Екипата која речиси цела сезона беше прва на Истокот во НБА преводена од српскиот стратег Дарко Рајаковиќ, синоќа израмни на 1-1 во серијата со Орландо Меџик во доигрување за титулата.

Внатрешните немири и притисоци со кои се борел Самарџиски

Предраг Самарџиски, кој направи кариера во Македонија, Србија, Турција и Литванија и кој беше дел од златната кошаркарска репрезентација која го освои четвртото место на ЕП 2011, во подкастот „Јао Миле“, зборува отворено за проблемите кои ги решавал со помош на психолог. Во тој контекст нагласува и колку е важно да им посвети поголемо внимание на младите таленти.

Леброн Џејмс на 41 година игра како во најдобри денови

Лос Анџелес Лејкерс води со 2-0 во серијата против сезонава силниот Хјустон Рокетс откако синоќа на крилата на Леброн Џејмс победи 101-94.

Сан Антонио изгуби и остана без Вембанјама кој се повреди

Кошаркарите на Портланд Трејлблејзерс израмнија 1-1 во серијата со Сан Антонио Спарс откако синоќа славеа 106-103 на гости.

Евролиго, седи си мадро

НБА лигата е најголемо кошаркарско шоу на светот и сон на секој кој почнува да тапка со баскетот. Ама понекогаш претеруваат во намерата да смислат шго поголема будалаштина за да пополнат време на полувреме.

Таткика да се сопре Јокиќ: удирај го по стомак

Никола Јокиќ е еден од најслабо заштитени играчи во НБА од судиите. Често фрустриран влегува во расправија со нив зошто не гледаат очигледни фаули. Џулиус Рандл од Минесота Тимбервулвс рече дека нашол тактика за него. Еве каква била:

Јокиќ и Мареј се испромашија, Минесота израмни со Денвер

Денвер Нагетс во добар ритам го отвори вториот натпревар од 1. рунда во доигрувањето за титулата против Минесота, но на крајот славеа гостите, израмнија на 1-1 и сега Јокиќ и другарите ќе имаат голем проблем.

Гробари направија кореографија со Дуле во гигантски размери

Партизан ја совлада Црвена ѕвезда со 81-74 во меч од Јадранската лига. Гробари му одадоа почит на нивниот легендарен тренер кој неодамна почина, со импресивна кореографија.

Крајно глуп и безобразен фаул над Јокиќ кој остана смирен

Денвер Нагетс поведе со 1-0 во првата рунда од доигрувањето за титулата во НБА откако ја совлада Минесота Тимбервулвс, најомилениот муштерија на Никола Јокиќ низ годиниве. Крилото на „волците“ Џејден Мекданиелс во еден момент грубо го оттурна Јокиќ од зад грб после што Србинот заврши во првите редови на трибните и едвај се додржи да не падне. Ризикуваше повреда. Судиите досудија неспортски фаул на Мекданиелс.

Трипл-дабл на машината Јокиќ, Лејкерс славеа без Дончиќ и Ривс

На почеток на доигрувањето за титулата во НБА, Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 116:105 и поведоа 1-0 во серијата.

„Постои агенда да го спречат Јокиќ да влезе во елитниот клуб со 4 признанија“

Првотимецот на Милвоки Бакс и НБА шампион од 2021-ва Боби Портис смета дека Никола Јокиќ оваа сезона нема да ја освои МВП наградата, зошто како што вели постои одредена агенда да се спречи негов влез во елитниот клуб на само неколку играчи со најважната индивидуална награда во НБА лигата за најдобар играч на сезоната.

Овации за Дончиќ и Ѓоковиќ во Мадрид

Новак Ѓоковиќ и Лука Дончиќ се појавија заедно во „Мовистар“ арената во Мадрид, за да го гледаат дуелот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена Ѕвезда. Едниот стана МВП со кралскиот тим, а другиот е навивач на Ѕвезда која често ја бодри во сала.

Компилација со најдобрите асистенции сезонава на Јокиќ

Имаме видео во кое кошарката се спојува со уметноста. Не знаеме дали МВП наградата ќе му припадне нему, но знаеме дека овој човек, висок 198 см и тежок 137 кг, кој ја заврши оваа сезона со просек од трипл-дабл (27,7 поени, 12,9 скока, 10,7 асистенции), станувајќи прв играч во историјата на прво место, истовремено по број на скокови и асистенции, дефинитивно е еден од најсилните плејмејкери на сите времиња.