Кошаркар на Широки Бријег џогирал во село, некој мислел дека е мигрант и го пријавил во полиција
Кошаркарот на ХКК Широки Даниел Луис се нашол во необична ситуација на еден утрински тренинг во Кочерин, селце покрај Широки Бријег каде што живее. Додека трчал пред натпреварот против Црвена звезда во регионалната АБА лига, некој наводно помислил дека е мигрант па го пријавил во полиција, пишува Херцеговина.инфо.