Дури 4 луди коша од пола терен во иста вечер во НБА!

Погодоците од пола терен како да станаа рутина во НБА. Како никогаш досега, во една иста вечер дури ЧЕТИРИ тројки беа уфрлени од половина или преку пола терен. 21-годишниот Еџкомб од Филаделфија '76 во победата против Индијана Пејсерс 114-109 погоди луда тројка. Интересно тој имал 1/6 за три поени на натпреварот.  Луди тројки погодија уште и: Китон Ваглер од ЛА Клиперс против Лејкерс, Никола Јовиќ од Мајами против Атланта Хокс и Тре Џонс од Чикаго Булс против Њујорк Никс.

29 октомври 2026 - 09:03