Кошарка

Кој беше Лени Вилкинс?

Беше синоним за елеганција и достоинство. Водеше од клупата дури 2.487 НБА натпревари, што и понатаму останува рекорд, а влезе во историјата и како прв тренер со над 1.000 победи. До пензија стигна до 1.332. Во Сиетл стана легенда со освојувањето на титулата во 1979 година, а во 1994 година, беше прогласен за тренер на годината. Го предводеше САД до злато на ЛОИ во Атланта 1996. Лени Вилкинс, кој почина на 88 години, влезе во Кошаркарската куќа на славните како играч и тренер и член на Дрим тимот од 1992 година.

Омилените асистенции на соиграчите на Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс се благословени што за колега го имаат Никола Јокиќ, човек кој во една шака ја има кошарката и кој е пред сè интелигентен тимски играч. „Треба фајлови да отворам за да ја најдам омилената. Тоа беше против Њујорк. За глава се држев на клупа“, објаснува Мареј.

Ако не е трипл, тогаш е јак дабл-дабл на Јокиќ

По триумфот над Индијана, Денвер запиша нова победа и стигна до скор од 7-2 сезонава. Јокиќ доби голема помош, ама и не знаеше да промаши.

Викајте брза помош, доаѓа Едвардс

Го изгледавме три пати и заклучивме во редакција дека после Шон Кемп и Винс Картер, во НБА не се појавил ваков безмилосен забивач. Ентони е многу моќен дечко, кој влегува под кош крвнички. И нема чудење што противникот завршува повреден на земја. Така е со него.

Браќата Морис пак ги закачаат браќата Јокиќ

Долго време откако тензијата меѓу браќата на Никола Јокиќ и браќата Морис од НБА се стиши, сега полека пак ја распламса еден од Американците.

Луда завршница каква што ретко се гледа

Кошаркарите на Мајами Хит и Кливленд Кавалирс го одиграа најлудиот натпревар на вечерта во НБА лигата. Во завршницата екипите се менуваа во водство. Донован Мичел лидерот на Кавс на 0,4 секунди пред крајот погоди луда тројка за израмнување 138:138 и сите беа спремни за продолженија. Никола Јовиќ со лудо додавање и Ендрју Вигинс со забивање за победа, направија шоу!

Моќна партија на Лука Дончиќ, забиваше и ја забавуваше публиката

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по поразот од Атланта Хокс брзо се вратија на победнички патеки откако ноќеска го совладаа Шарлот Хорнетс 121:111. 

Луд трипл-дабл на Никола Јокиќ, после Голден Стејт ѝ одржа лекција и на Индијана

Српскиот репрезентативец, трикратен МВП на НБА лигата одигра уште еден лудачки натпревар и го забележа шестиот трипл-дабл сезонава.

Гордон влезе во Џордан филм

Денвер го совлада Голден Стејт со 129:104. Јокиќ повторно во елемент со 29 поени, 9 скока и 9 асистенции, а втор стрелец во тимот беше Мареј со 23 поени. Гордон постигна 18, еден од нив, спектакуларен. На цел интернет се врти неговото забивање.

Топ 3 додавања на Јокиќ против Мајами

Не може да го пофатиме човеков со материјалот кој го вади од секој натпревар. Има мастраф за шоу кој заслужува топ листа. Само од синоќешниот дар мар против Мајами Хит, издвојуваме пар врвни пасови.

Гоце од Кичево го збуни Саша Обрадовиќ

Црвена звезда ја запиша седмата победа по ред во Евролига откако синоќа го згроми грчки Панатинаикос 86:68 и изби прва на табела. После натпреварот на прес-конференција, новинари му поставуваа прашања на тренерот на црвено-белите Саша Обрадовиќ. Извесен Гоце од Кичево постави прашање ама не доби одговор.

Јокиќ против Јовиќ: 33 поени, 15 скока и 16 асистенции

Денвер Нагетс го совлада Мајами Хит со 122:112, благодарение на уште еден доминантен настап на Никола Јокиќ, кој повторно растури. Петти трипл-дабл сезонава, 71-ви во кариеарата остварен во првите три четвртини.

Репортажа за магичната седумка кога треба да одбере меѓу Чикаго и Бенетон

Булси во 91-ва го бараат Тони Кукоч, кој на 23 години е веќе трикратен европски првак со Југопластика, како и двократен европски и светски шампион со Југославија. Се мисли меѓу Чикаго и Бенетон Тревизо и на крај ја одбира Италија, по што во 93-та заминува во САД. Прилогот е снимен во Сплит, во деновите пред Тони да ја донесе одлуката. 

Чикаго Булс победи со луда тројка на Вучевиќ

Чикаго Булс ја совлада Филаделфија '76 113-111 со луд кош за три поени на 3,2 секунди до крајот на Црногорецот Никола Вучевиќ. Чикаго се врати по негатива од неверојатни -24 поени! Џош Гиди беше најефикасен кај Булси со 29 поени, 15 скока и 12 асистенции. Вучевиќ имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скока за победа и прво место на Булс на Истокот. Имаат 6 победи и само 1 пораз од старт на сезоната.

Топ најлуди додавања на Јокиќ низ годиниве

Трикратниот МВП и шампион на НБА лигата од 2023 Никола Јокиќ сезонава ја почна јуришнички со дури 4 трипл-дабл изданија. Игра во топ форма. Имаше и некои луди додавања кои потсетија на некои од изминатите сезони.

Потег на вечерта во НБА за победа во последна секунда

Каква луда партија одигра Јанис Адетокумбо за 5-та победа на Милвоки Бакс од почеток на сезоната! Јанис имаше 33 поени, 13 скока и 5 асистенции за 32 минути, забиваше како луд, играше сјајна одбрана а во последните секунди постигна и многу тежок шут за победа!

Нови магични асистенции на Никола Јокиќ и нов дабл-дабл

Српскиот репрезентативец стигна до рекордот на сезоната по стартот на НБА откако синоќа имаше 34 поени и дури 14 асистенции во победата на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс 130:124.

Струмичко кошаркарско искуство на Србин, висок 2.20

Немања Бешовиќ како поранешен играч на Партизан, во 2016-та оди да игра во Струмица. Расказот му е бурлески, од доаѓање, па до крај. Душек немал за спиење, ама битно дружбата топ. На глас се смееме на работа. Денот ни го направи.

Што сè нема човек да види по НБА

Седи Стив Кер пред некоја вечер на клупата на својот Голден Стејт Вориорс кога наеднаш среде натпревар од зад грб му пришол некој лик што личи на него, и притоа облечен во ретро дрес и шорцеви на Стив Кер од '90-те години кога играше за шампионскиот Чикаго Булс. На Кер не му се допаднало што му одвлекувал внимание среде натпревар.

Две јаки асистенции на Лука во стилот на Јокиќ

Лука Дончиќ ја почна новата сезона во страшен ритам со 165 поени на првите четири меча. Погледнете му ги потезиве против Мајами. Шоу.

Трипл-дабл на Дончиќ за историја, игра во врвен ритам

43 поени против Голден Стејт, 49 против Минесота, кратка пауза поради повреди на прстите и ногата, па 44 поени над Мемфис и ноќеска трипл-дабл со Мајами.

Нова луда асистенција на Јокиќ од кош на кош

Денвер загуби на гостувањето во Портланд во првото коло од НБА Купот со 109:107. Јокиќ промаши шут за реми со звукот на сирената. Историскиот трипл-дабл му избега за една асистенција. Но, повторно блескаше.

Лука е незапирлив, трет меч по ред со 40+

Постигна 43 поени против Голден Стејт, па 49 против Минесота. Паузираше два меча поради повреда и еве го синоќа повторно во елемент, со бројки кои го сместуваат во друштво на Чемберлен и Џордан.