На стартот на новата сезона во НБА лигата Филаделфија '76 како гостин го совлада шампионот Њујорк Никс 106:100.
Во Медисон Сквер Гарден Филаделфија го претстави новиот состав со Леброн Џејмс и Џејлен Браун. Најефикасни кај гостите беа Тајрис Макси со 28 поени, Џејлен Браун со 19 поени, осум скока и шест асистенции, Жоел Ембид со 13 поени, 11 скока и 6 асистенции како и Енферни Симонс со 13 поени.
Кај домаќините лидерот Брансон беше најефикасен со 21 поен, а Карл-Ентони Таунс забележи 19 поени и 12 скока.
Во еден момент Леброн влезе во расправија со навивачите на Њујорк Никс. Имено, при потписот на договорот со Филаделфија, Леброн поставил услов да не живее во градот туку на тренинзи и натпревари да доаѓа со хеликоптер од Њујорк каде што живее. Навивачите на Фила не биле баш најзадоволни со тој избор на Џејмс.
Коментаторот на телевизијата NBC Мајк Тирико накнадно го објаснил целиот контекст на расправијата. Објаснил дека некој гледач му дофрлал на Леброн Џејмс за неговиот необичен начин на превоз. „Сум го правел и претходно тоа. Тоа е само уште еден начин на превоз“, рече Леброн Џејмс пред неколку дена за ЕСПН.
Имено летот со хеликоптер од Њујорк до Филаделфија е 30 до 45 минути, далеку побрзо отколку ако се оди со кола по градскиот метеж.
Затоа навивачот му дофрлал на Леброн Џејмс нешто за превозот.
А повратен превоз со хеликоптер го чини Леброн Џејмс од 4.000 до 10.000 долари во зависност од понудата.
Леброн Џејмс во јули летово потпиша 2-годишен договор со Филаделфија '76 вреден 8 милиони долари.
🚨 LeBron CHECKS a Knicks fan: “Ain’t nothing soft in the Midwest…I’m not from the West Coast, I’m from Ohio, baby. I’m an Ohio baby, fu*k is you talking about?” https://t.co/wS7ZmN9ibn
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) October 21, 2026