Џамал Мареј беше најефикасен во редовите на Денвер Нагетс. Тој уфрли 42 поени и ја одигра можеби најдобрата партија во последните неколку сезони.
А Јокиќ покажа дека веќе е влезен во трипл-дабл форма.
JOKIĆ TONIGHT: MOVES 11 TRIPLE-DOUBLES AWAY FROM THE ALL-TIME RECORD 🃏 35 points, 15 rebounds and 10 assists in the @nuggets' 23-point comeback W! https://t.co/yzGFakZYXy
— NBA (@NBA) October 25, 2026
Никола Јокиќ го урна долгогодишниот рекорд на Расел Вестбрук за најмногу комбинирани трипл-дабл учиноци во основниот дел од сезоната и доигрувањето за титулата. Србинот стигна до 222 а неговиот доскорешен соиграч Расел Вестбрук долги години беше лидер во оваа категорија.
Вестрбук сè уште е прв во категоријата на трипл-дабл учиноци само во основниот дел, во регуларната сезона со 209 трипл-дабл учиноци а Јокиќ е втор на вечната листа со 199 трипл-дабл учиноци во регуларен дел.
Србинот е трет на вечната листа кошаркари со најголем број трипл-дабл остварувања во доигрувањето.
Трикратниот МВП Никола Јокиќ синоќа во првиот триумф на Девнер Нагетс сезонава, го забележа првиот трипл-дабл во неговата 12-та сезона во НБА лигата.
Типично незаинтересиран за неговите врвни и рекордни остварувања, Јокиќ на новинарите на прашањето дали тоа што го надминал Вестбрук на вечната листа трипл-дабл учиноци (плејоф и регуларна сезона) му значи нешто, само рекол:
„Дефинитивно е нешто за после кариерата... Убаво е“.
На прашањето дали ќе му пише на Расел Вестбрук, лидерот на Денвер Нагетс одговорил:
„Не, ако го урнам неговиот официјален рекорд е тогаш ќе му пишам“, рекол 31-годишниот Јокиќ.
Српскиот репрезентативец во изминатите две сезони во просек имаше по трипл-дабл по натпревар и ако продолжи така и сезонава, тогаш би можел да го надмине и рекордот на Вестбрук за трипл-дабл учиноци во просек по натпревар 3 сезони по ред.
Сега му фалат 11 трипл-даблови за да го надмине главниот рекорд на Вестбрук - најмногу такви подвизи во основниот дел од сезоната.