Станува збор за единствен примерок од серијата „Топс Хром“. На оваа картичка се автограмот на Флег Купер и дел од дресот кој го носел на своето деби во НБА лигата на 22. октомври 2025-та година. Токму таа поврзаност на неговиот прв натпревар и дека постои само еден таков примерок картичка, ја направила истата предмет на огромна побарувачка меѓу колекционерите.
ВО ШУМАТА КАРТИЧКИ ЕДНА ВРЕДИ 8 МИЛИОНИ ДОЛАРИ!
Лејси Вилијамс ќе ви раскаже дека да се биде омажена за колекционер на спортски картички (во САД ова хоби е вековно и многу ценето) има свои тешкотии и маки. Насекаде ќе имате картици, во домот, на работа, во кола, некогаш и на тв екранот кога има некоја продажба.
„Кога и се жалам на мојата најдобра пријателка и викам: 'Ќе ја запалам таа проклета шупа до темел“, раскажала Лејси Вилијамс за опсесијата на нејзиниот маж да собира илјадници спортски картички.
А потоа нејзиниот сопруг дошол во посед на кошаркаркарска картица за која заработил неверојатни 8 милиони долари!
„Моите жалопојки се завршени“, рекла Лејси.
Животот на 50-годишниот Џејсон Вилијамс и неговата сопруга Лејси (47) и нивното семејство преку ноќ се сменило во август кога тој ја купил единствената картица од дебито на суперѕвездата на Далас Маверикс Купер Флег во НБА лигата. Ја купил на една онлајн продажба од мала продавница на картици на Роуд Ајленд.
Месец ипол подоцна, картицата ја продал за повеќе од 8 милиони долари на јавна аукција од куќата Фанатикс Колект со што станала трета најскапо платена картичка на некој спортист во историјата на продажба на спортски картици.
„Почуствував среќа секако. Бевме супер среќни, но
Навистина бев одушевен од тоа колку рекорди тоа нешто постави... Искрено тоа како да ме израдува повеќе од самите пари. Пара ко пара: си доаѓа и си оди, а рекордите се спомени. На некој начин се запишани во историјата. Така што за мене тоа беше најјакиот дел кој можев да го слушнам.
За сега животот на семејството Вилијамс не се сменило многу. Тие патувале повеќе од вообичаено, но не направиле нешто големо што претходно веќе не го планирале. Џејсон е сопственик на дуќан за машини и нема намера да го затвори.
Вели дека ужива на работата ид ека разбира дека бизнисот им помага на неговите вработени и нивните семејства.
„Тој го заслужува ова. Мислам, работи цел живот и после тоа (ги покажува картите), вели син му на Џејсон, 25-годишниот Крис Вилијамс. „Тој може да се пензионира ако сака сега и уште да биде финансиски добар до крајот на животот со прави инвестиции. Но не сака. Таму е секој ден.
Тој е тип на човек што соблекува маица за друг да облече. Неважно дали му згрешиле нешто или не, тој е уште таму за нив на крајот од денот“, вели синот на добитникот на 8 милиони долари за кошаркарска картичка на Купер Флег од Далас Маверикс.
Интересно самата франшиза Далас Маверикс на Вилијамс му нудела 32 години сезонски карти плус разни други бенефиции во замена за картата.
Но Џејсон одбил и решил да ја даде картицата на аукција во куќаа Фанатикс Колектс зошто вели дека успеал да ги убеди да организираат аукција само за него.
Се очекувало картата да биде продадена за значајна сума во која било аукциска куќа во која ќе се најде, но според зборовите на Џејсон, компанијата Фанатикс Колект навела дека ќе помогне во организирање посети во печатниците на компанијата Topps која е во сопственост на Фанатикс.