Стеф Кари се врати со 100% прецизност и го победи Денвер на Јокиќ

Најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА лигата, Стеф Кари одигра фантастична партија против Денвер Нагетс каде неговиот Голден Стејт Вориорс забележа убедлива победа 134:120. Кари постигна 24 поени, имаше 3 скока и две асистенции. Шутираше совршено со 8/8 од игра (3/3 за три поени), 5/5 од слободни фрлања. Покрај него одлична вечер имаше и Јаксел Лендеборг со 31 поен, 12 скока и 6 асистенции.

На овој натпревар Никола Јокиќ кој постигна дабл-дабл учинок со 19 поени (8/16 од игра, 1/6 за три) и 11 асистенции, како и 7 скока и три блокади, повторно се осврна на оние навивачи на Денвер Нагетс кои им свиреле на своите играчи.

„Никогаш претходно не сум го слушнал тоа. Играв пред 10, 50, 100 луѓе... сеедно. Не сум навикнат на тоа. Навивачи да му свират на сопствениот тим. Мислам дека тоа не се прави навивачи“.

Јокиќ и претходно пред неколку вечери изјави дека бил разочаран од навивачи кои уште на првиот натпревар од сезоната им свирале и им викале на кошаркарите на Денвер Нагетс кои славеа после историски пресврт од -23 поени против Њу Орлеанс.

„Не се добродојдени веќе. Прв домашен натпревар и мислам дека оние навивачи кои ни свиреа не ни треба веќе да доаѓаат. Ако не следите, тогаш треба да знаете дека ние никогаш не се откажуваме“, рече тогаш Јокиќ.

 

27 октомври 2026 - 09:22