Олимпијакос направи чудо и се врати од -28 со Валенсија!

Кошаркарите на европскиот првак Олимпијакос направи сензација откако на гостувањето во Валенсија победија 102:97 после продолженија иако во основното време губеа неверојатни -28 разлика! Најзаслужен за победата на грчкиот гигант беше довчерашниот кошаркар на Валенсија кој лани беше најдобар играч во Евролигата, Жан Монтеро кој постигна 26 поени со 5 скока и 2 асистенции. Еван Фурније додаде 23 поени со 4 асистенции, Саша Везенков имаше 14 поени со 7 скока а Ембај Ендиај уфрли 11 поени со 3 асистенции.

Во редовите на шампионот на Шпанија најдобри стрелци беа Ти-Џеј Шортс со 16 поени, 5 асистенции и 3 украдени топки и Никола Миротиќ со 19 поени. 

14 октомври 2026 - 08:56