Црвена Звезда славеше со кош во последна секунда

Кошаркарите на Црвена звезда ја забележаа 3-та победа во Евролига откако во 5. коло го совладаа француски АСВЕЛ на гости 82-82 со кош со звук на сирената на американскиот шутер Крис Џонс. Интересно, последен пат со кош во последна секунда Црвена звезда славела на 28-ми ноември 2019-та година кога Лоренцо Браун ја урна Валенсија.

Звезда и друг пат победувала во Евролига со погодоци во последните секунди, како онаа легендарна тројка на Недовиќ против Партизан на гости во белградска Арена или кошот на Ајзеа Кенан во Виторија во Шпанија но тоа беа погодоци после кои на ривалот му остана уште некоја секунда да проба да одговори.

 

14 октомври 2026 - 09:52