Лука Дончиќ го развали Торонто со 45 поени и 15 скока!

Фантастичниот лидер на Лос Анџелес Лејкерс се погрижи неговиот состав да ја забележи и 5. сезонска победа на седум натпревари. Овојпат Лејкерс беше подобар од Торонто Репторс 131-125

Интересно разликата во еден момент беше дури 26 поени предност за ЛА Лејкерс кога тренерот Џеј Џеј Редик реши да ги стави резервистите на паркет а тие за малку ќе направеа историска штета зошто му допуштија на Торонто Репторс речиси да се врати во игра.

На 43,7 секунди до крајот Репторс се вратија на само -5 поени после што Џеј Џеј Редик го врати Дончиќ на терен а овој со освоен скок, со асистенции и погодени слободни фрлања го реши победникот.

Интересно ова беше дури 20-ти пат Дончиќ да постигне најмалку 40 поени во 98 натпревари од регуларниот дел од сезоната како играч на ЛА Лејкерс. Тој синоќа блескаше од самиот старт - во прва четвртина уфрли 16 поени со 4/4 тројки а на полувреме имаше 24 поени и осум скока.

Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 45 поени, 15 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки за 35 минути. Уфрли 8/12 тројки и ги погоди сите 13/13 слободни фрлања, но имаше и седум изгубени топки.

Додека беше на паркетот Дончиќ Лејкерс направија +27 поени предност па затоа и неговиот индекс на крајот е +27.

Огромен удел во победата на ЛА Лејкерс имаа уште и Вокер Кеслер со 16 поени, 15 скока и три блокади (Кеслер погоди 6/6 од игра и 4/4 од слободни), Остин Ривс со 19 поени, Колин Секстон со 14 поени и Сандро Мамулекашвили со 11 поени.

Кај тимот на Дарко Рајаковиќ Скоти Барнс го предводеше Торонто со 29 поени, 6 скока и 5 асистенции, Ар-Џеј Берет имаше 22 поени, 10 скока и 5 асистенции, а Џејмисон Бетл уфрли 20 поени од кои 15 во последната четвртина.

2 ноември 2026 - 09:04