Гледач погоди судијка со топка, Дончиќ го „избрка од сала“

Лука Дончиќ игра во сензационална форма па синоќа со 40 поени ги растури Сакраменто Кингс во триумфот 116-103 на ЛА Лејкерс. Дончиќ имаше уште и 9 скока и 7 асистенции. Во еден момент еден гледач од прв ред зад кошот, посилно од што треба ја фрли топката кон судијката и ја погоди. Редарите го избркаа без размислување од сала.

Голема поддршка Дончиќ имаше од Остин Ривс кој уфрли 21 поен во триумфот на Лејкерс, а Вокер Кеслер додаде 15 поени со осум скока. Лејкерс има 7 триумфи и 2 порази досега сезонава. На следниот дуел ги чека Портланд Трејлблејзерс.

5 ноември 2026 - 11:48