Кевин Дурент и Дилон Брукс се оправаа на сред напад

Хјустон Рокетс го победи Феникс Санс 116-104 во својот дом во „Тојота Центар“. Алперен Шенѓун имаше трипл-дабл учинок со 23 поени и по 11 скока и асистенции. Кевин Дурент додаде 20 поени со 10 скока и 2 асистенции, а Амен Томпсон уфрли 18 поени со 10 скока. Дурент во еден момент се расправаше на сред терен со Дилон Брукс со кого уште одамна имаат некои нерасчистени работи. Кај „сонцата“ Девин Букер беше прв стрелец со 24 поени и 5 асистенции, Џајлен Грин даде 16 поени со 4 скока и 5 асистенции.

26 ноември 2026 - 08:59