Кој ќе помислеше дека Гренланд ќе се споредува со Косово

„Го повикуваме Кралството Данска да ја прифати реалната ситуација на теренот и да ја признае независноста на Гренланд. Гренланд не се сипа во трактори, а неговата независност виси како камен на вратот на граѓаните на Данска. Време е Данците да ја напуштат својата митоманија и да се приклучат на остатокот од цивилизираниот свет. Лесно е да брани Гренланд од кафуле во Копенхаген“.

Ова е една од лавината досетки, зезалици и супер луцидни и интелигентни сарказми со кој креативниот дел од српскиот интернет ги дочека и ги коментираше најавите на Трамп дека го сака Гренланд, за пари или поинаку.

На сите на Балканот, особено на оние во Србија, асоцијацијата на Косово, што се случуваше со него и како Запад се постави во таа ситуација беа неизбежни.

И нормално, ова со Гренланд дојде како идеална прилика да се врати топката, реал-политички бесцелно, ама за вентилација, горлчив ќеиф и лична сатисфакција, душа дало.

Србите, вели аналитичарот Ѓорѓе Вукадиновиќ, ја дочекаа најавата на Трамп за анексија, преземање или купување на Гренланд како потврда дека сиве овие години биле во право, дека политиката кон Србија на Западот предводен од истите САД, отсекогаш била лицемерна, водена од двојни аршини, дека сето она за што се обвинуваше на Србија и зошто на крајот беше бомбардирана било неосновано, неправедно, лицемерно и дека сета таа неправда и сето тоа лицемерие сега конечно излезе на виделина.

Од стиховите „данска се труба с Гренланда чује“ и „над Гренландом жива ватра сева, да видимо ког Викинга нема“, па до констатацијата дека Данците не го разбрале падот на Берлинскиод ѕид, твитерџии нафрлаа супер духовити зезалици, „изразуваа загриженост“, „повикуваа на смирување на тензииите“, предлагаа формирање на заедница на дански општини и понудија да посредуваат во мировни преговори организирани во Чачак.

Главна мета на српските заебанции беше Данска, држава која одеднаш се најде во слична ситуација како и Србија пред неколку децении. Таа држава, која беше една од првите кои го признаа Косово, денеска звучи како Александар Вулин и Драгослав Бокан па повторува стихови за „територијален интегритет и суверенитет“ порачувајќи дека „Данска не е за продажба.“

Српските реакции на ситуацијата САД- Данска-Гренланд  дополнително ги галванизираше Европската Унија која едногласно застана на страната на Данска.

Таквата асиметрија во третирањето на територијалниот интегритет на Данска не може а да не биде очи во однос на територијалниот интегритет на Србија.

*******

*******

Србите знаат да бидат неподносливи кога се јачаат со своите митови и историски величини. Ама, кога се работи за нивните порази (а Косово, во догледно време, е тоа), имаат драгоцен талент да се мајке наебат за сите пари. 

12 јануари 2025 - 09:39