„Стратегијата на Курти на Косово е успешна,“ гласи насловот на интервјуто со него во еден швајцарски весник кој го пренесува Дојче Веле.
За почеток, експертот за Балканот констатира дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е „клинички мртов“.
„Курти нема доверба дека дијалогот ќе му го донесе посакуваниот резултат - дефинитивното признавање на независноста на Косово. Затоа води политика на свршен чин, спроведувајќи на северот државна сувереност секаде каде што може. Стратегијата му е поуспешна отколку што повеќето од нас очекувавме, меѓу другото, и затоа што никој не можеше да замисли дека некој премиер во Приштина во толкава мерка ќе носи одлуки наспроти западните партнери.“
Вели дека КФПР може да исцрта некои црвени линии но вкупното влијание не треба да се преценува, со оглед на популарноста на Курти, особено после судирите во Бањска.
Прелец наговестува дека следни потези би можеле да бидат преземања на српските школи и болници. Прелц не верува дека Курти го сака Косово без Срби но забележува дека тој не трпи никаква нивна лојалност кон Србија.
Аналитичарот порачува дека Запад греши ако ја потценува опасноста од нерешените судири на Балканот.