Сопственикот на последната куќа која Рио Тинто уште је нема купено во тоа место е подготвен да потпише купопродажен договор, рекол за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг директорот на проектот Јадар, Чед Блевит.
„Нудевме и повеќе од фер цени,“ тврди тој.
Репортерот на ФАЦ пренесува дека Рио Тинто плаќал по 700.000 евра за куќа со двор. Веќе купените куќи сега се заковани и без прозорци, обележани дека е забранет пристап.
Според Блевит, Рио Тинто купил 167 хектари дворови, ниви и шуми. Но, во крајниот план му требаат 220 хектари за просторот на планираниот рудник.
Тие луѓе (засега) се колнат дека никогаш нема да ја продадат земјата.
„Јас веќе сум богат човек - фамилијата ми е здрава и јас сум здрав“, вели еден од таквите, Златко Кокановиќ кој за Франкфуртер рекол дека неговата лоза таму живее со генерации, се има борено со Австријци и Германци.
„Знам дека предците се горди на мене,“ рекол тој.