Индустријата за вештачка инелигенција веќе имала искуство со однесувања слични на секташтво. Коосновачот на ОпенАИO, Илја Сутскевер, има нарачувано дрвени фигури за да бидат своевидни тотеми на ВИ а постоеше и секта која сакаше да го спаси светот од убиствената ВИ.
Се чини Антропик на Дарио Амодеи не е поинаков. За да се вработи таму, потенцијалниот кандидат треба да се заколне на верност кон безбедноста на вештачката интелигенција и да помине тест за психолошко профилирање.
Според гласините што, според Шон Томас од Спектаторејтор масовно се шират низ Силициумската долина, некои инженери во Антропик (Anthropic) буквално му се „клањаат“ на нивниот ВИ модел Клод.
„Ако е вистина, тоа се совпаѓа со едно старо предвидување од научната фантастика и со она што го знаеме за човечката природа“, пишува Томас. „Ако создадеме суперинтелигенција, прво ќе се вљубиме во неа. Потоа ќе ѝ се поклонуваме. На крајот, ќе ѝ принесуваме жртви.“
Години наназад, некои технолошки лидери едвај кријат дека работат на создавање ентитет сличен на Бог – „магична интелигенција на небото“, како што ја нарече извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, уште во 2023 година.
Некои стартапи тоа го протолкуваа буквално, создавајќи чет-ботови кои тврдат дека го канализираат самиот Бог; таков е примерот со „апликацијата за молитва“ наречена „Bible Chat“, која се рекламира како „апликација број еден за верници во светот“ и има над 40 милиони христијански корисници.
Би-би-си минатиот месец објави дека некои вработени работат и до 90 часа неделно, во „исцрпувачка работна култура“ обележана со „беспоштедни“ оценки за учинокот и чести отпуштања.
Такво темпо и работна атмосфера не е чудно да доведе до чувство дека му се служи на некој семоќен.