И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Тесла објави дека десеткратно ги има зголемено производствените капацитети за хуманоидните роботи Оптимус, во однос на вториот квартал во 2026 година. 

Доколку се задржи сегашниот тренд на производство, би требало да можат да испорачуваат околу 1.000 единици неделно до крајот на годината.

Но, иако физичкото производство на роботи е во пораст, Тесла признава дека неговиот Оптимус е уште од тоа задоволително да се справи со општи задачи.

Oбемот на производство повеќе не е главното тесно грло a покрај проблемите со набавките и несоодветните делов, главен проблем за Оптимус не е е неговото тело туку неговиот „мозок. 

За вистински да биде корисен во индустријата, Оптимус би требало да знае да извршува генерализирани задачи, без да има посебна обука за нив.

На пример, би требало да знае што треба да прави ако добие задача „сите кутии од таму и таму да се преместат таму и таму“.  Таа релативно едноставна задача подразбира да сфати дека кутиите можат да бидат со различна големина, дека некои можат да бидат паднати, дека попат може да наиде на пречки... Со ова сега се мачи како грешен ѓавол.

Со други зборови, системот на Тесла може да извршува сложени задачи за кои е специјално обучен, но непознатите ситуации му се проблем. Затоа, го „наклукале“ со над 500.000 часа податоци за фундаментални движења, добиени од физички работници опремени со камера. 

На Оптимус проблем му се и рацете. Човечките раце се фасцинантен биоинжинеринг и способни се и за фина моторна контрола и за тактилно чувство и за сила, кога треба. Реплицирањето на ова во метал е многу тешка задача и, во случајот на Оптимус, бара повеќе од 100 одделни компоненти.

28 септември 2026 - 13:49