Слабости во менаџментот се наведени како официјални причини за смена на целокупниот врв на Каритас иако на оваа адреса беа зачестени обвинувања за шиканирање и понижување на вработени.
Тие доаѓаа и од сегашни и од бивши вработени кои говореа за вербално насилство, протекции и лошо менаџирање со човечките ресурси, поради што некои од нив и го напуштија Каритас.
Седиштето на Каритас е во Ватикан но делува во 162 земји и има преку милион вработени и волонтери.
Засега нема докази за финансиски малверзации. Сменет е и кардиналот Луис Антонио Тагле, кој со уште еден член беа единствените црковни лица во Каритас. Другите се лаици.
Според ММФ, вкупниот промет на Каритас изнесува 55 милијарди евра.