Живот и забава

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Во Јапонија плаќаат за друг да даде отказ во нивно име

Во јапонската деловна култура, давањето отказ не едноставо раскинување на деловен однос. Тоа често се доживува како навреда и предавство на довербата и очекувањата на шефовите и колегите. За да избегнат конфликт  и непријатности по таа основа, млади луѓе наоѓаат агенции кои ги плаќаат да го процесираат отказот.  

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Женските ВИ агенти би биле помалку платени од машките

На околу 200 канцелариски работници им биле дадени два истоветно способни и тренирани агенти на вепштачка интелигенција да им помагаат во извршување на различни задачи. Еден бил дизајниран како жеснко, другиот како машко. Иако на крајот биле оценети со иста оценка за способноста и помошта, кога дошќло да се платат, женската агентка останала покуса.

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Англичаните ќе јадат и банани што не потемнуваат 

Банани што не потемнуваат се првото овошје со генетски измени одобрено за законска продажба во Британија. Новата сорта банани создадени во лабораторија се поотпорни на стареење и на оштетување, што овозможува подолго да останат добри за јадење. Британските домаќинства секоја година фрлаат дури 1,4 милиони банани кои се добри за јадење, иако се потемнети.

Луѓе завршуваат „под скалпел“ и кога не мора

Повеќето од стотиците милиони хируршки зафати годишно спасуваат животи. Но, откако зачестија лажните операции заради споредба на ефектите, се покажа дека многу зафати кои не се прашање на живот или смрт всушност не се ништо подобри од природното заздравување. Некои дури и ја влошуваат состојбата на пациентот, а не го продолжуваат неговиот животен век.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани во кампањата за градоначалник на Њујорк ветуваше бесплатен автобуски превоз. Тоа е непресушна тема за популистите, затоа што редовно пали кај гласачите. Но, искуствата од други градови покажуваат дека од економска гледна точка, бесплатните автобуси се ужасно решение, од кое се чини дека веќе се откажува и Мамдани.

Живеење на Месечината паѓа во вода

Откривањето на вода на половите на Месечината поттикна амбициозни планови за изградба на индустриски бази и попатни станици за лет до Марс, дури и населби за колонизатори. Градови со милион жители на Месечината сепак не се возможни во догледна иднина, бидејќи им е потребно огромно количество вода, кое таму го нема доволно.

Годините можат да се слушнат

Знаците на стареење не се видливи само на лицето, кожата или косата. Се чини дека трагите од стареењето ги носиме и во нашиот глас, а научниците сега сметаат дека начинот на кој зборуваме би можел да стане едноставен и неинвазивен показател за процесот на стареење. Само 30 секунди снимен говор даваат изненадувачки многу информации за возраста на една личност.

Сингапур им плаќа на луѓето да се фатат за книга

Сингапурските средношколци постигнаа најдобри резултати во светот на тестирањето за читање на ПИСА. Сепак, властите на богатиот град-држава воведуваат нови иницијативи за поттикнување на читањето. Им нудат симболични награди за да поминат барем 15 минути на ден со книга. „Навиките се градат бавно“, истакнува претседателот.

Една денска запивка со Леми

Рики Ворвик од групата The Almighty се присетува како се договориле со Леми од Моторхед да се видат во хотел во Лос Анџелес. Дење, но во собата на Леми веќе било замрачено од дим од цигари и алкохолни испарувања. Којзнае колку Џек Даниелса подоцна, Рики се нашол себе како лежи во локва крв и осетил остар здив до неговото лице. Леми е.  

Пушењето штити од Паркинсон

Паркинсоновата болест е значително поретка кај луѓето кои пушат цигари. Тоа е парадокс што со децении ги збунува истражувачите, поттикнувајќи шпекулации дека во чадот од тутун има нешто што го штити мозокот од развој на оваа невродегенеративна состојба. Студија на половина милион возрасни лица низ Кина го нашла нештото.

Се зголемува ледената покривка на Гренланд

Иако топењето на вечниот мраз на Гренланд постојано се претставува како „најцврст доказ“ за климатските промени и како основа за апокалиптичните предвидувања дека морињата ќе поплават градови, нови податоци покажуваат дека ледената покривка на Гренланд се топи сè побавно. Ако топењето продолжи со ова темпо, Гренланд ќе го изгуби мразот по 27.000 години.

ОпенАИ им краде равенки на математичарите

ОпенАИ се пофали дека армија од нејзини модели со ВИ решиле математички проблем од пред 90 години. Речиси во исто време математичари што користеле алатка на ОпенАИ објавија дека пронашле решение, за кое следува награда од милион долари. Еден проблем можеби е решен, но во исто време отворен е нов – ботовите може да ги злоупотребуваат разговорите со корисниците. 

Саутпарк се прекрстија во СаутАмерика за да го претркаат Трамп

Среде акутниот напад на Доналд Трамп (кој полека станува хроничен) да преименува заливи, езера, па дури и држави по „Америка“, Саут Парк, култната анимирана сатирична серија која не штеди никакви авторитети, објави официјална промена на името. За својата 29-та сезона, серијата ќе се вика „Јужна Америка“.