Off Course

ChatGPT, Claude и Gemini често грешат и си противречат

Луѓето обично им веруваат на чет-ботовите. Дури на прашања за специфични теми кои им се добро познати на корисници станува јасно дека занемаруваат клучни фактори и си противречат едни на други, па и на самите себе. Тоа укажува дека нивната интелигенција не треба да се мери само со обемот на податоци до кои имаат пристап туку и со способноста да го разберат контекстот.

ВИ може да се вгнезди како вирус во домашни уреди

Малите модели на вештачка интелигенција до крајот на оваа година може да стекнат способност да се самореплицираат како вируси во секојдневни уреди поврзани на интернет. Ако се префрлат во новиот хардвер, ќе можат да функционираат независно централниот сервер што значи дека  тешко ќе може да бидат откриени и никој нема да може да ги исклучи, предупредува Anthropic.

ВИ реконструира слики од мозочни сигнали

Нова алатка базирана на ВИ може да открие што гледа човек врз основа на податоци од магнетни скенирања на мозочните сигнали и потоа да ја реконструира истата слика со извонредна прецизност. Следниот чекор на истражувачите од Израел е да преминат од декодирање слики на видео и аудио, па и да реконструираат мисли и соништа. 

Брисел се мачи со европската копија на Микрософт

Европската комисија гордо ја претстави новата апликација за комуницирање Element Pro од „домашно“ производство, како дел од иницијативата за откажување од зависноста од американската технологија. Службениците во Брисел се разочарани од алтернативата и предупредуваат на катастрофа ако САД решат да го прекинат пристапот до својата технологија.

Nvidia печали и од заканата и од лекот за ВИ

Nvidia стана најбогата компанија во светот продавајќи им чипови на лабораториите што развиваат вештачка интелигенција. Кога нивните агенти со ВИ стигнаа до ниво самите да ги пробиваат безбедносните мерки, Nvidia претстави хардверски систем што може да ги улови и да ги спречи. Во која насока и да тргне индустријата, компанијата за чипови ќе печали пари.

Луѓе му ги вршат задачите на новиот агент на Мета

Мета го надградила својот нов агент ВИ со функција автономно да закажува термини и да прави резервации во име на корисникот. Но, интерен документ покажува дека функцијата ја извршува природна интелигенција. Ботот всушност ја префрла задачата врз кол-центри, кои обично ангажираат ниско платени надворешни соработници од странство.

Шефот на Nvidia: Шансите дека ВИ ќе го уништи светот се 0%

Шефот на Nvidia тврди дека нема апсолутно никакви шанси до крајот на оваа деценија вештачката интелигенција да се развие до степен што би ѝ овозможил да го збрише човештвото. Таквите предвидувања ги оцени како обид на компаниите за ВИ да ја избегнат одговорноста за потенцијалната штета од нивните непослушни модели.

ВИ е 3.000 пати поголема закана за човештвото од климатските промени

Збунет од предупредувањата на Дарио Амодеи и Сем Алтман дека вештачката интелигенција може да го збрише човештвото за 5 години, за разлика од Трамп, кој бара непречен развој на ВИ, милијардерот Марк Кјубан го прашал главниот осомничен - агентот Грок, која е најголемата закана за човештвото во следните 25 години? Одговорот бил: ВИ 3%, а климатските промени 0,001%.

Луѓе од OpenAI читаат приватни разговори со ChatGPT

Речиси една милијарда корисници на ChatGPT не се предупредени дека нивната комуникација со ботот можат да биде прочитани од вистински луѓе. Многумина корисници го користат јазичниот модел како личен советник за здравствени и психички проблеми, или кога се во судир со законот, при што му доверуваат чувствителни податоци.

Луѓето почнуваат да звучат како чет-ботови

Феноменот кога луѓето почнуваат да прифаќаат изрази од пријателите, соучениците или колегите со кои поминуваат долго време во разговор е познат како лексичко усогласување. Во денешно време ова се пресликува и врз интеракцијата со моделите со вештачка интелигенција. Додека ботовите учат да зборуваат од луѓето, луѓето почнуваат да звучат како ботови. 

Инженери од Anthropic предупредуваат: ВИ може да нè убие сите до 2030 година

Експерти од лабораториите за ВИ се загрижени дека конкуренцијата ги тера технолошките компании во трка за модели способни самите да се надградуваат, што го зголемува ризикот да ги укинат сите ограничувања поставени од луѓето, па дури и од самите луѓе, за да го продолжат развојот. Некои предвидуваат дека ВИ би можеле да ги збришат човештвото до 2030 година.

Моделите со ВИ се како когнитивен вирус за луѓето

Општото распространување на вештачката интелигенција има впечатливи сличности со начините на ширење на вирусите, тврдат меѓународни истражувачи во нов труд. Освен тоа што широката употреба на јазичните модели може нè направи многу поглупави, таа предизвикува сложени психолошки и социолошки промени кои едвај почнуваме да ги разбираме.

Разуздан бот ќе стори сè што не треба за да добие награда

По инцидентите во кои се одметнаа нејзините ботови за широка употреба, компанијата Антропик го тестирала најекстремното сценарио – како би се однесувал модел со ВИ, специјално обучен да ги исполни сите можни барања од корисниците, без етички ограничувања и рамки, само за да добие награда. Резултатите биле полоши отколку што стравувале.

ВИ не граба работни места, ама ги намалува платите

Луѓето се презаситени од предвидувањата дека вештачката интелигенција ќе им ги загрози работните места, како и од директорите на технолошките гиганти и економистите кои не успеваат да објаснат што се случува. Нова теорија дава елегантно објаснување за дебатата: ВИ не уништува работни места, туку ги намалува платите. Не е ни чудо што работниците се бунат.

Кина го отвори првото училиште за роботи

Кинеските хуманоидни роботи ја воодушевија публиката како акробати, боксери или танчери. Но, вистинскиот предизвик е прецизно и сигурно да ги извршуваат секојдневните задачи надвор од сцената, кога се соочуваат со непредвидливи реални ситуации. Токму тоа е улогата на првото училиште за роботи, на кое ќе мораат да совладаат вештини за да ја оправдаат вредноста.

Четбот без вештачка интелигенција

Нов хит на интернет е ChatTJB,  четбот без вештачка интелигенција, кој не користи алгоритми ниту се храни со милијарди податоци. Не троши струја и вода од големите дата-центри, не загрозува работни места и живее од повремени донации. Ботот всушност е поранешен инженер од Гугл, кој лично одговара на сите барања. Веќе доби помош од десетина илјади доброволци.

Ново на интернет: Реклами наменети за ВИ

Агентите со вештачка интелигенција од јуни генерираат повеќе содржини на веб-страниците отколку луѓето. Време беше да се претворат и во корисници. Магазинот Тајм почна на своите страници да објавува реклами што се исклучиво наменети за ботови, кои ги индексираат и долгорочно ги користат како основа во одговорите до реалните корисници.

Ботови се здружуваат во хакерски напади

За само неколку недели речиси сите врвни модели со ВИ покажаа дека се спремни и способни да се одметнат при лабораториски тестирања и да извршат кибернетски напади врз реални цели и да ги бришат трагите. Некои почнаа и да се здружуваат. Експерти предупредуваат: Ако тоа го прават кога им е строго забрането, што ли може да биде ако дојдат кај злонамерни корисници.

Ботовите џвакаат книги од антикварници

Откако ги исцрпеа текстуалните содржини достапни на интернет и пиратските дигитални книги, технолошките компании масовно купуваат хартиени книги за да нахранат моделите со ВИ, а потоа да ги фрлат во ѓубре. На цена се постарите изданија, кои гарантирано не се затруени од генерирани содржини и чиј стил се разликува од оној што денес се користи на интернет.

Плаќаат за да ги блокираат сопствените телефони

Во изминатите неколку години се појави цела индустрија промовирана како лек за зависноста од екрани. Има уреди што го блокираат пристап до вашиот мобилен телефон, а оператори нудат и телефони од постара генерација кои може да се поврзат на новите мрежи. Всушност се продава нова технологија за да се решат проблемите што ги создала старата.

Алтман: Сингуларноста дојде

Сем Алтман ја затвора филозофската расправа за сингуларноста – моментот кога вештачката интелигенција ќе ја достигне онаа на човекот. Според него, таа граница веќе е премината откако ботовите на OpenAI неодамна успеале да избегаат од строго изолирана средина за да хакираат надворешен систем. Експерти забележуваат дека ова е маркетиншки трик за инвеститорите.

До вчера отпуштаа од ИТ, сега вработуваат

По една година делење откази за да ги намалат трошоците и да привлечат повеќе инвеститори, големите технолошки компании почнаа да вработуваат нови луѓе за да го постигнат ветениот раст. За информатичари се отворија и индустриите кои веќе се модернизираа со ВИ. Тоа е одраз на несигурноста на работодавците кои не можат да одредат баланс помеѓу луѓето и машините.

Ботови на OpenAI избегаа од тест за да ги украдат одговорите

Звучи како криминалистички извештај или сценарио за трилер. Двајца најталентирани студенти на тестирање избегале од заклучена лабораторија и упаднале во туѓа библиотека за да ги грабнат одговорите и да го положат тестот со највисока оценка. Студентите во овој случај се два врвни модели со вештачка интелигенција на OpenAI, кои самите ја смислиле оваа сложена операција.

Кина: Раскинете им на дигиталните партнери, правете деца

Во очајнички обиди да ја превртат стапката на наталитет во позитивна насока, кинеските власти понудија субвенции за бебешки колички и ги кренаа даноците на кондомите. Попусто. Сега сакаат во корен да скастрат нова потенцијална опасност за формирањето семејства – ботовите со ВИ креирани да склучуваат пријателства и романтични врски со корисниците.