Вести

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Иако германските власти им изрекле наредба на 250.000 нелегални мигранти да ја напуштат Германија, за дури 200.000 од нив е заклучено дека не може да се спроведе депортација поради најразлични причини. Додека не се решат споровите, дозволено им е легално да останат во земјата и да имаат право на основна поддршка, сместување и здравствена грижа. 

Вухан го тужи Мисури за клевета за ковид

Суд во Вухан ја прифати правната битка со Мисури за потеклото на пандемијата на ковид-19. Институтот за вирусологија покрена контратужба за клевета против американската сојузна држава, од која бара јавно извинување и отштета од 53,5 милијарди долари поради ширење лажни информации, нарушување на угледот и стигматизирање.

Речник

Јапонија бара резервен главен град

Влади на десетици земји на шест континенти ги повикаа семејствата да направат залихи во случај на војни, саботажи врз инфраструктурата или временски катастрофи. Јапонија оди чекор подалеку. Планира да избере резервен главен град со спремни капацитети за владините институции ако Токио биде парализиран од катастрофален земјотрес или ерупција на вулканот Фуџи.

Со војната против Иран, Трамп го смени режимот - во Вашингтон

Трамп на крајот на февруари му објави војна на Иран со цел да го смени режимот во Техеран. Осум исцрпувачки месеци за Американците подоцна, се покажува дека војната всушност ја зацврсти тврдокорната власт во Техеран, а ја смени власта во Вашингтон. Сега Трамп бара „жртвен јарец“ на кој би му ја префрлил вината. Најзагрозен е шефот на Пентагон, Пит Хегсет.

Калифорнија може да оди во минус од данокот за милијардерите

Додека републиканците и демократите водат битка за мнозинство во Конгресот, милијардерите од Калифорнија ги здружија силите и парите во борба против контроверзниот предлог за еднократен данок за најбогатите жители на оваа сојузна држава. Во кампањата за отфрлање на предлогот вложиле над 300 милиони долари, повеќе отколку за која било друга политичка кауза.

Нетфликс: Претплатници има, ама, малку гледаат

Вредноста на акциите на Нетфликс е преполовена од лани, иако платформата не губи претплатници. Растот на приходите сè повеќе зависи од рекламирањето, односно од тоа колку луѓето гледаат содржини. Оние кои подолго време користат Нетфликс и повеќе време трошат да најдат нешто што не е банално и негледливо, би одговориле со контра прашање: А што да гледаме?

Умирањето стана профитабилен бизнис во САД

Низ САД се шират приватни ординации кои го потврдуваат мотото на Топаловиќи дека „само смртта е сигурен бизнис“. И профитабилен, исто така. „Клиника на смртта“ од Њујорк наплаќа по 12.000 долари за смрт на пациенти со неизлечиви болести кои сакаат да си ги скратат маките. САД се приближуваат до Канада, каде што лекари прелесно одобруваат потпомогната еутаназија.

CO2 од фосилните горива нема влијание врз затоплувањето

Нова научна студија математички го побива наративот на климатскиот естаблишмент дека емисиите од фосилните горива се главната причина за зголемувањето на концентрацијата на јаглеродот во атмосферата. Анализа на податоци во период од 500 години покажува дека влијанието на фосилните горива е во маргините на грешката на несигурност на мерењата.

Украина испраќала очила-бомби до руски оператори на дронови

Руската служба за безбедност спречи подмолна украинска операција за неутрализирање на руските војници кои управуваат дронови на фронтот. Преку волонтерски мрежи по пошта им испратиле очила за навигирање во кои биле поставени бомби. Во слична операција пред две години, на Мосад му успеа да детонира пејџери на 1.500 борци на Хезболах. 

Лондон ги одрал возачите со „сејф сити“

Градоначалникот Садик Кан запрел истраги за незаконски изречени казни за брзо возење по автопат во околината на Лондон. Камери за следење на сообраќајот регистрирале десетици илјади прекршоци и полицијата нелегално наплатила казни од над 6 милиони фунти. Лондон сега ќе треба на секој возач што тужи да му ги поништи казнените поени и да му ги врати парите.

Наивните веруваа дека иднината им припаѓа на лидери како Пикард

Смртта на Патрик Стјуарт (86) донесе бран оддавање почит и кон брилијантниот актер и кон славната улога што го дефинираше: Жан-Лук Пикард од „Ѕвездени патеки“. Еден коментатор го опиша тој лик како „најубедливата визија за прогресивна политика што ја познавам: секуларна, рационална, сочувствителна, егалитарна, посветена на изобилство и самонадградба“. Визијата не испадна таква. 

Трамп и Епстин се карале за 13-годишно девојче

Нов извештај на Комисија на Конгресот открива сведоштва на 11 жени за врските на Трамп со Џефри Епстин. Пет тврдат дека Трамп сексуално ги нападнал. Некои биле на возраст од 13 години. Многу од обвинувањата веќе беа јавно достапни, но сега се официјализирани во владин документ во кој се нудат „повеќе од доволно докази“ за отворање истрага и кривично гонење на Трамп.

Влади на 33 земји ги плашат граѓаните со војна

Сеењето страв до граѓаните да направат залихи во случај на војна или хакирање на инфраструктурата се прошири на шест континенти. Од Америка до Јапонија, а најмногу низ Европа, владите ги повикуваат семејствата да се спремат за најмалку три дена во целосна изолација. Секој наведува различни причини за тревогата, но пакетот за зло време е идентичен.

Додик влегува на голема врата во клубот на Трамп

Изразеното лобирање кај соработници на Трамп му отвори врата на Милорад Додик во потесниот круг на движењето МАГА околу претседателот на САД. Поканет е да учествува на политички собир во приватната резиденција на Трамп во Мар-а-Лаго, на кој конгресмени и истакнати конзервативни активисти ќе ги почнат подготовките за изборите во 2028 година.

Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го оцени политичкиот судир околу Уставниот суд на Полска како типичен пример колку забегала Европската Унија од времето кога Словенија стана нејзина членка. По иницијатива на премиерот Туск беше суспендиран претседателот на Уставниот суд, па претседателот Навроцки и полски граѓани излегоа да го бранат судството од извршната власт.

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Европскиот удел во глобалните технолошки истражувања и развој (R&D) се има намалено од 23% во 2005 година на само 8% денес, додека САД се искачија на 62%, а Кина се зголеми од близу нула на 15%. Јужна Кореја сега ги надминува Германија, Франција, Велика Британија и Италија ЗАЕДНО во истражувања и развој.

Бесконечното крстарење се насука

Луѓе и брачни парови, главно пензионери, за неколку стотици илјади долари трајно купуваа бродски кабини за што им беше гарантирано дека до крајот на животот ќе крстарат по светот „ол инклузив“. Некои од нив продале сè што имаат. Но, цената на горивото го има направено овој модел неодржлив па сега им викаат да се симнат од крузерот.

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Независно истражување на медиумот Danwatch открива нов скандал со европската програма за вооружување на Украина. Преку естонска служба за посредување, Данска платила 9,5 милиони евра за муниција, а не била испорачана ниту една граната за Киев. Поради сомнителни набавки на муниција од фирма за софтвер веќе падна министерот за одбрана на Естонија.

Фолксваген не може да си дозволи „Голф“ на струја

Соочен со голема криза во продажбата и конкуренцијата од кинеските возила, германскиот автомобилски гигант Фолксваген го запира развојот на електрична верзија на својот најпродаван модел „голф“. Проектот не е целосно откажан, но фокусот ќе биде префрлен на внатрешна реорганизација на компанијата која годинава бележи загуби од стотици милиони евра.

Франција ќе ги оданочува и гигабајтите на интернет

Во обид да ја пополни огромната дупка во буџетот, Франција заклучи дека може да го оданочува и сообраќајот на интернетот. Собранието усвои амандман со кој креаторите на содржини на интернет ќе плаќаат по 0,055 евра за секој гигабајт од филмови и игри. Планот е да се собираат по околу 10 милијарди евра годишно. Цената на крајот ќе ја платат француските семејства.

Можат ли демократите да ја поништат револуцијата на Трамп?

Ако демократите ја вратат контролата врз Претставничкиот дом, а можеби и врз Сенатот, се поставува прашањето дали конечно ќе успеат да го демонтираат популизмот на Трамп, што не им појде од рака во претходните години. Одговорот, најверојатно, е не: и покрај необично бурното владеење, Трамп всушност го институционализираше својот популистички бунт.

Секс, лаги и нелегални мигранти

Британските власти ги оспоруваат извештаите дека странски државјани и нелегални мигранти се одговорни за непропорционално повеќе силувања и физички напади врз жени, но ги кријат официјалните податоци за насилства расчленети по националности. Наместо да се соочат со проблемот, ги префрлаат мигрантите од хотели во поранешни бази, загрозувајќи други заедници.

Израел се плаши од блиц-криг на Трамп врз Иран

Трамп испраќа оружје кон Персискиот залив и отворено му се заканува на Иран со моќен воен удар веднаш штом ќе завршат изборите за Конгресот на 3 ноември. Израелски офицери стравуваат дека САД по канонадата ќе ја прогласат војната за завршена и ќе се повлечат, оставајќи го Израел сам да најде начин како да го собори режимот во Техеран и да ја уништи нуклеарната програма.

Европа ја чека студена и скапа зима

Соочена со полупразни резервоари, пресечен глобален синџир на снабдување и прогнози за рана и студена зима, Европа ќе ги трпи последиците од сопствената забрана за увоз на гас од Русија. Со оваа политика не се ослободи од енергетската зависност, туку всушност го замени добавувачот, на големо задоволство на САД, каде што цените на гасот се 11 пати пониски од Европа.

УСАИД водел сопствена надворешна политика

Американски и латиноамерикански функционери тврдат дека УСАИД ја злоупотребувала својата мисија и финансирала левичарски политичари и нивните каузи низ Латинска Америка. Обвинувањата почнаа откако неколку земји во регионот избраа конзервативни лидери по одлуката на Трамп да ја укине Агенцијата за меѓународен развој.

Има ли Германија интерес да ја заврши војната во Украина?

Германската политика во војната во Украина е „скапа и практична“. Берлин плаќа, останува морално чист и ги остава другите да бараат непопуларни компромиси. Држејќи се на страна, индустријата и политиката се прилично задоволни од војната поддржана (делумно) од германски пари и германско оружје, но во која нема да загине ниту еден Германец. 

Авганистанците му се враќаат на афионот

Строгата забрана за одгледување афион што ја наметнаа талибанците не само што предизвика криза на нарко-пазарите на Западот, туку и фрли во сиромаштија многу авганистански семејства. Принудени да се префрлат на памук и други култури, земјоделците не можат да си ги прехранат децата. Многумина му се враќаат на афионот, свесно ризикувајќи јавно камшикување и затвор.

Бараат луѓе да им ги шетаат роботите

Стартап од Сан Франциско објави необичен оглас за вработување. Бара луѓе за шетање роботи по истите услови како да се домашни миленици, со вообичаената тарифа од 20 долари на час. Целта е роботите директно да се запознаат со средината и правилата на урбаната џунгла во која наскоро ќе мораат самите да патролираат. Шетачот само треба да ги врати дома здрави.