Вести

Како бумерите ја зафркнаа Европа

Европските бејби-бумери наследија континент кој се обновуваше по војната. Усвоија системи на дарежливи пензии, потпирајќи се на демографските трендови кои оттогаш исчезнаа. Денешните баби и дедовци зад себе оставаат континент на кој му треба ремонт по штетата што тие самите ја предизвикаа. И не се гледаат големи шанси дека овој систем брзо ќе се промени.

Кинеска против НАТО авијација: 9-0

Кинеските ловци девет пати во низа ги победиле најдобрите европски авиони во симулирани дуели. Резултатот од 9-0 се прифаќа со блага резерва, но сепак претставува успех за кинеската воздухопловна индустрија, која продава ловци на Блискиот Исток. Ништо ново за еурофајтерите, со кои се опремени европските земји од НАТО. Тие редовно губат и од американските Ф-35.

Израел тивко охрабрува напади врз христијаните

Израелски војник со токмак удира во статуа на Исус. Друг со булдожер урива статуа на Свети Ѓорѓи. Доселеник турка и клоца калуѓерка на улица во Ерусалим. Нападите врз христијани во Израел достигнаа критична ниво, но обично поминуваат неказнето како „изолирани инциденти“. Тоа уште повеќе охрабрува религиски екстремизам кон сите што не се од „избраниот народ“.

Речник

Трамп сака да ја замолчи администрацијата

„Најтранспарентна“ администрација на Трамп им забрани на новинари пристап до Пентагон, спроведе полиграфски тестови за да открие протекување информации и ги отпушти независните инспектори за лов на корупција. Сега најави уште еден обид да го спречи слободниот проток на информации - сите федерални работници да потпишат договор за неоткривање информации.

Гигантите на ВИ се вртат кон хуманоидни роботи

Силиконската долина помина неколку години учејќи ја вештачката интелигенција да зборува. Најголемите компании сега сакаат да ѝ дадат тело за да крева, сортира, да гради и да влезе по домовите. Лаборатории се тркаат да изградат хуманоиди, специјализирани роботи и софтверски мозоци што би ги наведувале автономно во реалниот свет.

Доаѓа нафтена криза

Трамп помина три месеци во обиди да го натера, да го поткупи или да го бомбардира Иран за да го отвори Ормускиот проток, кој практично самиот го затвори со безумното објавување војна. Непријатната реалност е дека алатките што сега ги има на располагање или се премногу бавни за да бидат важни, или се премногу скапи за да се употребат или веќе се испробани и неуспешни.

САД кратат стратегиски бомбардери и подморници за НАТО

Трамп го зголемува притисокот врз Европа со значително намалување на американското стратешко оружје во НАТО – бомбардери, ловци и подморници што можат да носат нуклеарно оружје. Тоа не значи целосно повлекување. Европејците се уште ќе бидат заштитени од нуклеарниот чадор на САД, само ќе мораат итно да ги пополнат дупките во него. 

Израелци ја манипулирале изборната кампања во Франција

Француска комисија открила дека израелска фирма спроведувала кибернетска кампања за мешање во општинските избори во март. Нападите биле насочени кон левичарската партија која го критикува Нетанјаху и отворено ја нарекува „геноцид“ војната во Газа. Владата на Емануел Макрон од политички причини се обидувала да ги прикрие инцидентите.

Зошто Трамп ја загуби војната

Визијата на Трамп за претседателската функција е да издава наредби, да зграпчува пари, да ласка, да крева споменици за себе. Така не се води нација низ војна. Сега ќе ги употреби своите методи за да ги убеди Американците и светот да поверуваат дека војната што ја изгубил била голема победа, најголема досега. Веројатно ќе открие дека всушност никој не верува во тоа.

Ракот напаѓа од пестицидите во лозјата

Бројот на нови случаи на рак во Франција се дуплирал од 1990 година. Најтешко се погодени винарските региони, во кои потрошувачката на пестициди е највисока во Европа. Винското грозје се прска 18 пати годишно. Во тој период концентрацијата на разни отровни состојки во воздухот во околните домови се зголемува понекогаш и стократно. 

Белгија ќе го пушти на слобода џихадистот од масакрот во Париз

Во Франција, Мохамед Бакали е симбол на масакрот во Париз во 2015 година, кога беа убиени 132 луѓе. Тој е единствениот џихадист осуден на долги затворски казни поради два терористички напади. Но, во Белгија, каде што ја отслужува казната, Бакали има третман на обичен затвореник. Редовно добива слободни викенди, наспроти негативните препораки. Наскоро ќе биде ослободен.

Покрај сите други чуда, пирамидата во Гиза е и отпорна на земјотреси

Многу работи се фасцинантни и се уште нејасни во врска со египетските пирамиди. Како се градени (и од кого!) тие огромни објекти кои и со денешната технологија би биле чудо, како се толку прецизно изведени, како издржале толку милениуми секакви непогоди... Сеизмолози сега откриваат уште една чудесија на тоа прастаро градежништво.  

Мигрантите лани ги коштале Германците 40 милијарди евра

Германските даночни обврзници не само што имаат платено над 40 милијарди евра, туку се соочуваат и со повисоки трошоци за домување, поголем сообраќај, преполни болници, подолго чекање за лекарски преглед, повисоки премии за здравствено осигурување и мноштво други проблеми што не се официјално евидентирани во наведената бројка.

Во Европа експлодираа сексуалните болести

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди на рекордно зголемување на сексуално преносливите болести во Европа, при што гонорејата и сифилисот достигнале највисоки нивоа во последните десетина години. Ќе беше тоа добра вест за остарениот континент (дека уште се онадат), освен ако не се работи за мигрантски придонес, а таква информација немаме.

Иран го здробија но и Америка не е без загуби

Одамна стана јасно дека американската воена супериорност уште еднаш беше демонстрирана во операцијата Епски бес, последната воена авантура на Доналд Трамп, но и дека со тоа американскиот претседател не ја доби војната која се покажа како катастрофална грешка на која беше наведен од Нетанјаху. Меѓутоа, и американската авијација не минала без лузни во нападите врз Иран. 

Квантен скок на администрацијата на Трамп

Откако купи акции во производители на чипови и рударење ретки минерали, администрацијата на Трамп има нова индустрија на радарот: квантните компјутери. Министерството за трговија инвестира повеќе од 2 милијарди долари во девет компании за квантни чипови и пресметувања. На листата е и фирма во која инвестирал Доналд Трамп Јуниор.

Ретките покемон картички станаа валута за перење пари

Манијата за картичките со ликови на спортисти и суперхерои од 1990-тите ја крена нивната цена на милиони долари. Саемите и берзите за размена привлекуваат илјадници фанатични колекционери, но сè почесто и криминални банди, кои не гледаат подобар начин да спакуваат нечисти пари во парче картон кое не привлекува големо внимание на граничните контроли.

Израел им ги потроши ракетите на САД

САД откажаа продажба на оружје на Тајван за 14 милијарди долари и сериозно ги исцрпи резервите од најсовремени проектили поради војната во Иран на која инсистираше Израел. Но, муницијата употребена во војната не е распоредена рамномерно. За одбрана на Израел од ракетните напади биле истрелани многу повеќе американски отколку израелски ракети. 

Митото ја уништи кинеската програма за надарени ученици

Кинеските училишта и универзитети почнаа да ги укинуваат програмите за групирање на надарените ученици и студенти во елитни школи. Не поради тоа што таквиот пристап не дава резултати, туку поради масовното злоупотребување. Побогатите семејства плаќаат мито и до 130.000 долари за да ги запишат своите деца меѓу идната научна и политичка елита.

Техеран сè уште пере милијарди преку крипто-берзата Бинанс

Додека Иран трпеше санкции, клучен соработник на режимот изградил тајна мрежа за финансирање на Револуционерната гарда преку глобалната берза за криптовалути Бинанс. Трансакциите продолжиле и откако почна војната во Иран. Затоа Иранците бараат танкерите да плаќаат во криптовалути или јуани за да поминат преку блокадата на Ормускиот проток. 

Кина смета дека поминало најлошото во односите со САД

По посетата на Трамп на Пекинг, Кинеската шпионска агенција објави документ во кој заклучува дека офанзивната фаза на Америка во односите завршила, а Кина ја издржала без големи последици. Прашањето за Кина повеќе не е „како да се преживее“ притисокот од САД, туку како да се развива идна соработка на рамноправна основа, со меѓусебно почитување на „црвените линии“.

Како медиумите во САД му помагаа на Израел да го „продаде“ геноцидот во Газа

Темелна анализа на десетици илјади наслови од мејнстрим медиумите во САД потврдува дека тие биле изразено пристрасни против Палестинците и систематски го фаворизирале Израел. Разни нијанси и стапици ја заматуваат сликата, но двојните стандарди се присутни насекаде – од изборот на темите на насловите, до користење изрази што поттикнуваат чувства.

Британија забрани транс-жени да користат тоалет за жени

Британските власти со специјална одлука им наложија на трансродовите лица, во јавни објекти во кои немаат специјални простории, да ги користат тоалетите или соблекувалните согласно својот биолошки пол, а не врз основа како што се идентификуваат. Сепак, на персоналот му се препорачува да не ги испрашува сомнителните лица што користат женско ВЦ.

Дождовница може да чини и 10.000 евра

Занесена од документарци кои ги гледала на Јутјуб, Хрватката Ива Ханзен решила не само да се пресели на село, туку и да живее автентичен и самоодржлив живот па одбила да плати за приклучок за вода. На почеток ѝ се чинело романтично да оди до изворот и да се бања во каца за грозје, но на крај се расплакала кога првпат влегла под туш. А нејзиниот натурален сетап ја фатил ѓавол ипол.

Ахмадинеџад е сè уште лош за Иранците - а сè уште одличен за Израел

Извештајот дека Трамп и Нетанјаху планирале да го инсталираат Махмуд Ахмадинеџад за лидер на Иран всушност говори дека војната што ја почнаа САД и Израел никогаш не била за „ослободување“ на Иранците. Никој повеќе од Ахмадинеџад не му предизвикал поголема штета на Иран на домашната и на меѓународната сцена. Токму затоа бил идеален избор за Израел.

Европа е ранлива поради зависноста од американски гас

По војната во Украина, Европа се реши да се ослободи од енергетската зависност од Русија и постепено забрани купување нафта и гас, префрлајќи се на увоз од САД. Војната во Иран и затворањето на Ормускиот проток ја направи ЕУ уште позависна и ранлива од администрацијата на Трамп, која ја користи својата позиција за да врши политички притисок врз Брисел.

Побрзо со воз преку Мексико, отколку со брод преку Панамскиот канал

Му се чудеа на Мексико кога вложи милијарди долари за нова железничка пруга што ќе ги поврзе Атлантикот и Пацификот. Зошто брод би се претоварал на воз кога може да помине преку Панамскиот канал? Блокадата во Ормускиот проток покажа зошто е потребна алтернативна инфраструктура во тесните глобални грла, особено ако овозможува поевтин и побрз транспорт.

Спејс Икс оди на берза, Илон Маск ќе стане првиот билионер

Кога кон средината на јуни Спејс Икс ќе се појави на берзата со проценета вредност од околу 1.500 милијарди долари, Илон Маск ќе стане првиот билионер на планетата. Но, тој го крева многу повисоко плафонот. На инвеститорите им најавува дека вкупната вредност на акциите на технолошкиот гигант ќе скокне до 28 билиони долари.

Солженицин: Вистинската слобода не е во бројот на опциите

Најпознатиот советски дисидент своевремено (јуни,1978 година) одржа говор пред 20.000 луѓе на Харвард. Со оглед на неговата биографија, гулази и страдања, публиката очекуваше да распали по тиранијата во својата матична земја. Но, Солженицин пред нив си го постави прашањето: Дали би ја препорачал американската слобода за својата татковина? Одговорот му беше: Не.

Зошто Иран има право да биде параноичен

Иран, земја со длабоки традиции, поминал 200 години заробен помеѓу притисок однадвор и неуспех одвнатре. Странците постојано барале влијание и контрола. Иранските владетели, без разлика дали се кралеви или револуционери, одговарале со заострување на авторитетот. Тоа доведе и до актуелниот ќорсокак: не само за Ормускиот проток, туку и за иранскиот суверенитет.