Вести

Има четири различни видови аутизам

Напредокот во снимањето на мозокот, генетиката и компјутерската наука откриваат дискретни биолошки подтипови на аутизмот. Нови научни студии издвојуваат четири типови на оваа комплексна состојба, покренувајќи длабоки прашања за тоа дали аутизмот треба да се гледа како нешто што треба да се лечи или како суштински аспект на човековата разновидност.

Имами во Шведска украле 100 милиони долари од фондови за образование

Радикални исламистички имами со години управувале со лажни градинки и училишта во Шведска, украле стотина милиони долари од фондот за образование и побегнале од земјата. Парите ги префрлале на тајни сметки на Малта, ги трошеле во луксузни хотели и секс-клубови, па дури и финансирале радикална партија во Сомалија.

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Ново истражување покажува дека 20 проценти од алгоритамските препораки на новите корисници на видео платформата Јујуб ја сочинуваат ниско-квалитетни содржини креирани од вештачка интелигенција. Каналите кои ги нудат ваквите содржини имаат вкупно 63 милијарди прегледи и заработуваат околу 117 милиони долари годишно.

Речник

Дигиталниот образовен ентузијазам ја кошта Шведска 100 милиони евра

Првично 100 милиони а за 4 години 230 милиони евра ќе даде Шведска за да ги поправи грешките од заблудата дека хартијата и аналогното се надминати и треба да се заменат со таблети и дигитален пристап. Академските инстутуции реагираа а тестирањата покажаа дека децата им стануваат сè послаби во читање, пишување и учење. А и тоа што ќе го научат, побрзо го забораваат.    

Меѓународниот поредок опстанува заради наивноста на неговите критичари

Да се чуди човек колку Техеран упорно и жестоко се држи и се повикува на меѓународното право. Такви знаат да бидат и други (Кина, Русија...) кои веруваат дека ќе ги раскринкаат двојните стандарди на западните сили. Наивно. Меѓународното право не е некое  самостојно царство на правдата, тоа е само морална наметка на реалната моќ и системот на доминација. 

Гневот на генерацијата З го запали светот

Соочени со сегашноста во која половина од платата им оди на кирија и со неизвесната иднина во која машините и алгоритмите ќе им ги грабнат работните места, младите од генерацијата З не го смируваат гневот, туку настојуваат да го запалат стариот систем полн со корупција и бирократија. Во Непал буквално. Ги урнаа владите на Бугарија и Мадагаскар.

Саудиска Арабија: Трезна раја и мамурни милионери

Саудиска Арабија ја разводнува строгата забрана за алкохол, но не за обични смртници. Само избрана елита странци ќе може да купат виски или шампањско, ако покажат доказ дека заработуваат барем половина милион долари годишно и членуваат во приватни клубови резервирани за дипломати и директори на мултинационални компании.

Без дискотека за рибите нема нуклеарка за Британија

Британскиот регулатор за животна средина ја одобри изградбата на најскапата нуклеарна централа во светот, под услов да се спречи помор на милиони риби од Бристолскиот канал. Инвеститорот вложи милиони долари во аудио-систем што ќе ги избрка рибите, но анализите покажуваат дека оваа „дискотека за риби“ ќе спаси едвај по еден лосос на секои 12 години.

Москва: УСАИД тајно тестирал лекови врз Украинци

Пред да биде укината од Доналд Трамп, агенцијата УСАИД мошне веројатно била вклучена во тестирање на фармацевтски производи врз Украинци, тврди генерал во Министерството за одбрана на Русија. Тоа не е никакво спектакуларно откритие на руските служби. Генералот само сумира официјални изјави на американски функционери и експерти за американски медиуми.

Новите генерации копнеат Европа да биде суперсила

Новата европска генерација на социјалните медиуми изразува огромна европска солидарност несвојствена за Брисел. Оние што израснале во време на тероризам, имиграција и немоќ се заситени од ЕУ како клуб во кој 27 членки се расправаат за сè и сешто. Копнеат за иднина во која Европа ќе биде суперсила на ниво на Кина или САД, само помудра и покултурна.

Африканските бели дробови почнаа да искашлуваат

Африканските шуми и дрвенестите савани долго биле стандарден апсорбер на јаглерод, земајќи го атмосферскиот и складирајќи го како биомаса. Но, меѓу 2010 и 2017 година ситуацијата се менува  кога се случува критичен премин на тие шуми од апсорбер во извор на јаглерод. На Запад не му се допаѓа тоа што Африка сè повеќе користи фосилни горива, ко тие да станаа развиени со помош на ветерници. 

Венецуела: Нафта, нафта, ама и минерали

„Просто е, тие имаат нафта а ние ја сакаме,“ лапидарно и ефикасно ги објасни причините за американското острење заби за Венецуела професорот Џефри Сакс. Им го паркираа најголемиот носач на авиони, уништуваат рибарски бродови, запленуваат танкери. Сето тоа со наратив за борба против дрогата иако американските федерални податоци покажуваат дека Венецуела не е значаен извор на наркотици што влегуваат во САД.

Оземпик, за слабеење и стареење

Се проценува дека 30 до 40 милиони луѓе во светов користат инјекции за губење тежина. Никој од нив не жали за изгубените килограми, само што, добар дел од нив е мускулна маса. А губењето на толкави количини мускулна маса може да биде еквивалентна на предвремено старење на телото од десет години.  

За прв пат овој век, смртноста кај децата ќе се зголеми

За прв пат после 25 години, се предвидува дека стапките на смртност кај децата од болести што може да се спречат ќе се зголемат. Претходните 25 години стапките постојано се намалуваа. Парите за глобалното здравје се драстично скратени а многу од побогатите земји сега имаат други приоритети, главно да се спремаат за војна и да праќаат деца да гинат.

На Хашките судии ни Алекса не им прави муабет

Судиите и обвинителите во Меѓународниот кривичен суд се обидуваат да живеат и да работат под истите американски финансиски и патни ограничувања што беа воведени за рускиот претседател Владимир Путин и Осама бин Ладен. Осакатени им се најнормални финансиски услуги, картички им се блокираат, меилови укинуваат, електронски книги им исчезнуваат па дури и Алекса на Амазон ги игнорира.

Британско добредојде за „не знам и не се сеќавам“

Велика Британија, земјата која се накрцка со илегалци а за нас („стратешкиот партнер“) уште го држи ригорозниот режим на визи (уште да бараат дете под хипотека да ставиш) му одобрила дозвола за престој на авганистански илегален мигрант кој на прашањата колку години има и од каде поточно доаѓа, со години им викал не знам и не се сеќавам. Тоа им го рекол во 158 наврати. 

Кина крева наталитет со данок на кондоми

Во очајнички обид да го спречат намалувањето на населението што ја оптоварува економијата, кинеските власти од идната година воведуваат данок за контрацептивни средства. Критичари укажуваат дека тоа нема да придонесе за повеќе деца во семејствата, туку може да поттикне забрзано ширење заразни болести и повеќе абортуси. 

Откриено е како вакцините за ковид удираат на срце

Ново истражување од Универзитетот Стенфорд објаснува како вакцините со мРНК во првите денови по инјектирањето може да предизвикаат претерано бурна реакција на имунолошкиот систем, која предизвикува воспаление на срцето (миокардитис) и на неговата обвивка (перикардитис). На овој ризик најмногу се изложени мажите помлади од 30 години.

Робокап 2035 во режија на Европол

Европската полиција разгледува екстремни дистописки сценарија на улични пресметки на луѓе и роботи веќе во следните десет години. Полициските роботи би биле вклучени во патроли за да ги заштитат луѓето од други роботи, управувани од криминалци и терористи. Се предупредува и дека мала промена во кодот на машината може да претвори заштитник во машина за убивање.

Колите на бензин и дизел ќе останат во ЕУ и по 2035 година

Под притисок од Германија и од Италија, Европската комисија прифатила да се откаже од забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, која требаше да стапи на сила во 2035 година. Наместо целосна забрана, ќе биде оставено минимално ниво за испуштање издувни гасови, што може да ѝ помогне на автомобилската индустрија да остане конкурентна.

Нова крвна група ја имаат само тројца на планетата

Откако пред повеќе од еден век Карл Ландштајнер ги откри крвните групи, општо познати се вкупно осум – четири позитивни и негативни, во системот ABО. До денес, науката откри многу повеќе. Дефинирани се 49 различни. Најновата е една од најретките. Изолирана е во крводарителска клиника во Тајланд и досега е потврдена кај само тројца луѓе на планетата. 

Узбекистан го укинува плаќањето со кеш

Од април идната година Узбекистанците повеќе нема да можат да плаќаат со готовина за владините услуги, комуналиите, недвижнините и новите возила и машини. Банкарските картички ќе бидат задолжителни за сите производи поскапи од 2.000 долари. Целта на иницијативата е да се спречи сивата економија и да се засилат транспарентноста и одговорноста.

А да престаневме да рециклираме?

Се проценува дека луѓето внесуваат микропластика еквивалент на една кредитна картичка неделно. Не-дел-но! Таа доаѓа од разни извори кои се познати но и од еден кој го сметаме за наш главен еко одговор на сеприсутната платика. Нејзиното рециклирање. Тој процес, само во Америка може да наполни 29.000 камион микропластика годишно.

Хамас криел храна за бебиња за да страдаат деца пред камери

Терористичката група Хамас не дозволувала пратките со храна да стасаат до децата во Газа за да гладуваат уште повеќе, да се влоши сликата за хуманитарната криза пред очите на светската јавност и да се засили притисокот врз Израелците. Палестински активист објави снимка од магацините во кои терористичката група криела тони храна за бебиња.

Дигитален претрес за сите туристи во САД

Странците што доаѓаат во САД без визи ќе мора да ја прикажат речиси целата своја дигитална историја – активностите на социјалните мрежи во изминатите пет години, телефонските контакти, имејл адресите, отпечатоци од прсти, биометриски податоци за ликот, ДНК и ирисот. Ќе се бараат дури и основните податоци за членовите на семејството.

Европа забрани гас од Русија, ама ѝ плаќа милијарди за ѓубрива

Европската Унија едвај успеа да обезбеди единство за да забрани увоз на руски гас, наводно за да го остави Путин без приходи за војната, ама за да се прехранат европските земји ѝ плаќаат на Русија милијарди евра за азотно ѓубриво, кое го увезуваат дури и повеќе отколку пред војната. Да биде иронијата уште поголема, азотното ѓубриво се прави со гас, кој Русија сега го има вишок.

Европа ќе олесни протерување нелегални мигранти

Советот на Европа во Стразбур ја прифати колективната иницијатива од сите 46 членки да се променат толкувањето и примената на Европската конвенција за човекови права, за да не им служи повеќе на нелегални мигранти осудени за криминал да се извлечат од депортација. Приоритет на владите е да ја гарантираат безбедноста на сопствените граѓани.

Нафташите масовно се откажуваат од „зелениот“ водород

Не траеше долго авантурата на големите нафтени компании со водородот како алтернативен извор на чиста енергија. Сега масовно ги откажуваат проектите за енергетски централи. Градењето инфраструктура и производството на чист водород е скапо. Поевтино им е да ги прежалат вложените милијарди отколку да инвестираат во гориво за кое нема пазар.

Повлечена е лажната студија на Монсанто дека глифосатот е безбеден

Токсичната студија во која се тврдеше дека глифосатот „не е ризичен за здравјето на луѓето“ официјално е повлечена, откако во изминатите 25 години беше цитирана во 800 други трудови. Била нарачана од трујачот Монсанто заради промоција на канцерогениот хербицид Roundup. За да заштеди пари, Монсанто ја напишал содржината и им ја дал на избрани автори да ја потпишат. 

Зачнале речиси 200 деца низ Европа од донатор со ризична генетска мутација

Најмалку 197 деца во 14 земји биле зачнати со сперма од дански донатор со ретка генетска мутација, која наследно го зголемува ризикот од рак. Сите деца ја наследиле мутацијата, а некои веќе починале. Европската банка за сперма им изрази „најдлабоко сочувство“ на засегнатите семејства и признава дека не смеела да дозволи да се направат премногу бебиња од ист донатор.