Offside

Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во новата сезона откако со 3-0 го згромија Манчестер Сити во натпреварот за трофејот „Комјунити шилд“ во кој играат победникот на ФА Купот и Премиер лигата од минатата сезона. Во Кардиф на стадионот „Милениум“ стрелци на головите за топџиите беа: Рикардо Калафиори во 23-та секунда, Каи Хаверц во 28-ма и Мартин Едегор во 47-ма минута.

Нереален кош на Бугарија против Македонија

Бугарија ја совлада Македонија убедливо со 40 поени разлика (102 - 62) на Европското првенство од Б дивизијата за играчи до 16 години, на кое бевме домаќини. Ова ли е тоа на времето што го викавме „бугарски кош“?

Махачев по триумфот на УФЦ во САД: „Ние Русите сме бр.1 на светот“

На спектаклот УФЦ 330 кој се одржа во Филаделфија, Ислам Махачев го победи ирскиот борец Јан Мачадо Гари. После триумфот Русинот беше мошне емотивен. Тој славеше победа по едногласна одлука на судиите и го задржа шампионскиот појас. Махачев ја запиша 17-та победа по ред со што ја продолжи доминацијата на Русите во овој спорт.

ФИФА објави видео од камерата на судијата на големото финале на Светско

Финалето на Мундијал 2026 меѓу Шпанија и Аргентина (1:0) кое го реши Феран Торес (нов играч на ПСЖ) со гол во 106' минута од продолженијата, уште долго ќе се памети. А ФИФА сега на неколку недели по финалето објави видео од камерата на главниот судија.

Маестрален гол со ножички на фудбалер на Динамо Загреб

Динамо Загреб фуриозно ја почна новата сезона и веќе има 2/2 во домашното првенство и 3 победи во еврокуповите. Играат во баражот за пласман во Лига на шампиони против норвешки Бран. Синоќа против Рудеш славеа 4-0 а младиот центарфор Дион Дрена Бељо постигна два погодоци, еден од пенал и еден со ножички уште во 6' минута.

Најдобриот фудбалер на Светското, се вози со нискобуџетна компанија

Шпанецот Родри кој беше прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2025-та година и кој беше избран за најдобар играч на Светското првенство 2026, бил сликан како чека во ред со останатиот народ за лет од Мадрид до Ливерпул со нискобуџетната компанија „Рајанер“. Интересно Родри пред неколку дена бил на планината Дурмитор во Црна Гора каде јавал коњи и спиел во тамошните катуни. Тој уште одамна важи за еден од најскромните фудбалери во Европа.

Ковентри покажа како се претставува нов играч

Дваесет и девет годишниот Бразилец Густаво Хамер е старо-нов фудбалер на новиот премиерлигаш Ковентри. Доаѓа од Шефилд Јунајтед а претходно три сезони веќе беше во Ковентри. Кратко интервју, кој си, што си, каков си?

Неверојатно магична асистенција на Нејмар

Бразилски Сантос славеше 2-1 после пресврт против еквадорска Макара а пресвртот го креираше Нејмар со асистенција до некогашниот центарфор на Интер Габриел Барбоса во 44' минута. Во вториот дел Вилиан Арао донесе победа за Сантос кој следната недела ќе оди на реванш кај Макара во Еквадор.

Македонија, Србија и Словенија и официјално кандидати за Европско во ракомет!

По најавата на првиот човек на српскиот ракомет Божидар Ѓурковиќ, сега потврда стига и од претседателот на македонската ракометна федерација Александар Стефанов. Македонија, Србија и Словенија официјално поднеле кандидатура за домаќинство на ЕХФ ЕУРО 2034.

Детали од судењето: Марадона умирал во големи маки

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени за 12,5 милијарди долари

Само една година откако Марк Волтер го купи мнозинскиот пакет акции и стана сопственик на ЛА Лејкерс, сега Џош Кушнер, братот на зетот на Доналд Трамп Џаред Кушнер, и поранешниот извршен директор во Дизни Боб Игер го купуваат истиот пакет.

Меси првпат на терен по смртта на татко му

Лео Меси во средата напиша отворено писмо, збогување со татко му кој починал минатата сабота. Тој како никогаш претходно во кариерата емотивно и отворено не се обраќал како во таа објава. Синоќа неговиот Интер Мајами играше против Леон од Мексико и изгуби 3:2 во Лига Купот на Северна и Средна Америка.

Младиот Хрват Батурина ја шина одбраната на Арсенал

Комо е најголема сензација на италијанскиот фудбал. Екипа која во само неколку години од најнизок ранг стигна до Серија А па и до Лига на шампиони. За првпат во историјата ќе играат во елитното натпреварување. Имаат млада екипа, млад тренер (Фабрегас), а сопственици им се најбогатите Индонезијци во светот. Синоќа Комо играше пријателска против Арсенал на „Емирати“, мечот заврши 1-1 а голот за Италијанците кој го даде Мартин Батурина за 1:1 во 43' минута беше врвен.

Шпански олимпиец со скок на годината - пред помраченото Сонце

Познатиот шпански олимпиец во скејтборд Дани Леон направи интересен скок за време на затемнувањето на Сонцето. Тој скокна баш во моментот кога Месечината поминала пред Сонцето. За да добие совршена фотографија тој морал прецизно да го синхронизира скокот со реткиот астрономски феномен.

Реал Мадрид го победи Депортиво и доби пехар тежок 30 кила

Годинава во најдобрата шпанска Ла Лига се врати култниот Депортиво А Коруња (го сменија името од Ла Коруња). Овој симпатичен клуб носталгично не враќа на времето кога за нив со голем успех играа Диего Тристан, Рој Макај, Молина, Џалмиња и други. Синоќа на пријателски натпревар наречен „Тереза Ерера“ Реал Мадрид го совлада Депортиво на неговиот Риазор 0-1 со голот на Браим Дијаз во 45+1' минута.

Бурен пречек за Влаховиќ и Лукаку во Истанбул

По неколку месечно натегање каде ќе ја продолжи кариерата, Душан Влаховиќ замина од Јувентус и потпиша со турски Бешикташ. Ќе заработува околу 10 милиони евра годишно плус бонуси па тоа е една од причините што се реши да оди во турската Суперлига. Во Истанбул на аеродром го пречекале стотина навивачи во транс. Исто и со Лукаку кој потпиша со Фенербахче и си отиде од Наполи.

Хвича Кварацхелија правеше шоу, ПСЖ пак го освои Супер Купот

Европскиот шампион ПСЖ уште еднаш покажа дека е најсилна екипа во моментов во Европа откако го одбрани трофејот во УЕФА Суперкупот. Парижаните со 2-1 ја победија Астон Вила во Салцбург и покажаа дека уште се гладни за трофеи.

Кокаин пакуван во пакети со сликички од Халанд

Ликот на светската фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд често е на билборди, реклами, постери, телевизиски екрани и тој е прав фудбалски феномен. На Светското летово даде 7 гола и беше најзаслужен што го победија Бразил. Ама неговиот лик сега се појавил и на едно неочекувано место. Полицијата во Еквадор пронашла стотина пакетчиња со сликички од Халанд а во нив имало кокаин близу колумбиската граница. Пронајдени биле 469 килгограми кокаин.

Меси со тешко срце: „Не знам што ќе правам сега без тебе, како да продолжам“?

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, го прекина молкот по смртта на неговиот татко Хорхе Меси (68) кој починал во саботата во Аргентина и ја сподели најемотивната и најлична порака во неговата кариера.

НБА кошаркарот кој освои титула со Џордан, се откажа од милиони и исчезнал во океан кај Тахити

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Аргентински голман претрча 50 метри за да добие глуп црвен картон

Мексикански Тигрес успеа да се избори со два играчи помалку на средбата против Ванкувер и на пенали да го елиминира од Лига Купот на Северна и Средна Америка. Пред пенал серијата пред крајот од мечот Науел Гузман голманот на Тигрес кој има 40 години направи една гоелма глупост. Реши да се расправа со судијата со топка во раце па доби заслужен црвен картон.

Британска доминација на 100 метри, Ромел Глејв е европски шампион

Британскиот спринтер Ромел Глејв (26) е нов европски шампион откако славеше на трката на 100 метри на Европското првенство во Бирмингем. Пред домашната публика Глејв стигна до златниот медал што е негов најголем успех во кариерата. Трката ја одбележа и повреда на големиот фаворит за злато Ламонт Марсел Џејкобс од Италија.

Кога не сака, не сака

Во Копа Судамерикана (пандан на европска Лига Европа) во Јужна Америка синоќа Бока со 3-1 ја совлада Реколета од Парагвај. Домаќините играа со играч повеќе цел втор дел а во еден момент имаше и интересна епизода со погодени пречка и статива во еден ист напад.

Станковиќ исвиркан, Црвена звезда испадна од Лига на шампиони

Во едно од најлошите изданија во последните неколку децении, Црвена звезда изгуби 0-2 на домашен терен од израелскиот шампион Хапоел Бер Шева и со поразот 1-0 на првиот дуел катастрофално го заврши патот до Лига на шампиони. Станковиќ доби црвен картон поради навреди кон судијата, па беше исвиркан од дел од публиката со која влезе во конфликт.