Offside

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

Кариус му спречи еврогол на Кејн и му прекина долга серија на Баерн

По петардата против Штутгарт, Баерн Минхен не успеа да го совлада Шалке на гости и мечот заврши без голови. Најзаслужен за тоа е Лорис Кариус кој со фантастична одбрана регираше на бомбата на Хари Кејн, а за Баерн заврши голгетерската серија од 47 меча.

Роналд Куман јуниор со историски подвиг во холандскиот фудбал

Телстар и Камбур одиграа супер возбудливо реми во 5. коло од холандското првенство. Домаќините имаа водство во 60-та минута од 0:2 и играч повеќе од 22 минута, но се соочија со голман - стрелец, а тоа е син му на славниот Роналд Куман кој даде два гола од пенал и го спаси својот тим од пораз дури во 11-та минута од судиското продолжение. Никогаш во историјата на Холандија не се случило голман да стане двоен стрелец на една средба.

Ваков гол гледате сега, па кој знае кога

Ако ФИФА е реална, веднаш треба да го затвори конкурсот за гол на годината.

Комити со жестока парола низ цел град

Најверните навивачи на Вардар закачија повеќе транспаренти со истата порака упатена до Миленко Неделковски да го напушти клубот.

Необична одлука на Бојан Миовски

Македонскиот напаѓач веројатно не им верува повеќе на менаџерските агенции.

Само жолт на Ван Бомел за ова?

ПСВ го доби Ајакс на гости за 1:3 во холандското дерби кое се падна во 5. коло. Рубен ван Бомел, син на Марк ван Бомел, одигра многу дрзкот и несмеасен дуел по кој го навлече гневот на домаќините. Судијата ептен ја утна. Ова е за директен црвен без двоумење.

Валенсија прими 5 од Барса, а Столе спречи да не бидат 7

Фудбалерите на Валенсија не поминаа добро дома против силната Барселона. Резултатот на средбата го отвори и го затвори Јамал со голови во 6` и 84` минута. Стрелаа и Фермин, Рафиња и Педри за конечни 0:5. Столе Димитриевски беше немоќен. Но сепак се истакна со две одлични интервенции. Првата маестрална на удар на Ламин Јамал. Љиљаците се без победа по првите 4 кола во Ла Лига.

За тие 90 минути живее

Го имаме водачот на колото. Се вика Лело Пинто, верен човек на Барлета која се натпреварува во Серија Ц. Не е важно тоа што клубот е третолигаш. Токму таму се наоѓа големата страст за навивање и енергија која сама му излегува на трибина. Ваквите ликови се фиксни на стадион и на денот на одигрување на натпревар, празник му е во душата.

Интер се врати од 0-2 со Наполи и покажа зошто е шампион на Италија

Фудбалерите на Интер го совладаа Наполи 3:2 иако губеа со 0-2. Јунак на италијанскиот шампион беше Лаутаро Мартинез кој во судиското продолжение постигна гол за тотален пресврт, за победа и за лудница на трибините на „Џуезепе Меаца“. Аргентинецот постигна два гола на ова дерби.

Голем пресврт на чудото Елверсберг

Пред четири години играа во регионалната четврта германска лига, а од германска железница играа мајтап со нив дека имаат селски воз со еден вагон. Но, стартот во Бундес им е два у кец.

Од сега со Лука Модриќ да му се обраќате

Непознаница е дечково за нас, бидејќи игра во најниските лиги во Англија. Но, вакви голови ретко се гледаат и во Лига на шампиони, а и мајсторите со ваквите потези се ретки.

Како Комо го скоцка стадионот за ЛШ?

Една од најсимпатичните италијански фудбалски приказни, како и голема сензација на меѓународна сцена, ги исполни стандардите за врвен фудбал во Лига на шампиони? Како? Изградија комплетно нова трибина и тоа за едно лето. Бомбона им е сега Џузепе Синигаља, кој собира 13.600 публика во град со 84.000 жители.

Врвно издание на навивачите на Лех Познањ

Лех Познањ одлично ја почна сезоната во полската Екстракласа и после 5 натпревари има 4 победи и 1 нерешена средба. Со 13 бода се први на табела. Синоќа ја совладаа Јагјелонија Бјалсток 2-1 со гол на Михал Гргул во 87-ма минута. Навивачите на Лех повторно покажаа зошто се меѓу Топ 5 во Европа.

Се сеќавате ли како Адриано дебитираше за Интер?

25 години се поминати од првиот меч на Адриано за Интер, одигран на 14 август 2001-ва. Противникот се вика Реал Мадрид, голманот Икер Касиљас, а мечот трофеј Сантијаго Бернабеу. Ај да не објаснуваме повеќе. 19 години има тука Бразилецот.

До вчера гостуваа Мбапе, Бензема и Модриќ, а сега е нива запуштена

Ним е еден од најстарите француски клубови, кој до неодамна беше прволигаш. Кога ќе видите во што им е претворен стадионот, ќе помислите дека гледате сцена од селски фудбал и тоа напуштен.

Наскоро почнува нова Лига на шампиони во нов формат, Вардар пак ќе полни сали

Ракометната Лига на шампиони кај дамите започнува утре, на 10-ти септември, а мажите почнуваат на 9-ти септември кога ќе свирне свирчето за старт на новата сезона. Во нов формат.

Габриел Батистута пак даде гол за Фиорентина

Најлегендарниот шпиц во современата историја на Фиорентина која одбележува златен јубилеј 100-годишнина од основање, Габриел Батистута пак е дојден во Фиренца. Во градот веќе неколку дена се одржуваат разни манифестации за прослава на прекрасниот јубилеј на фудбалскиот клуб Фиорентина. На еден ревијален натпревар на „Артемио Франки“ играл и Батистута кој дал гол а стадионот експлодирал. 

Еден од најјаките деби голови во фудбалот

Вчерашниот ден 3 септември, од архивите на шпанскиот фудбал извади една ненадминлива секвенца, која трпи безброј повторувања и потсетувања. Во таа 2003-та за Барса дебитираше Роналдињо. Тргна од своја половина и изведе лудило од гол. Рајкард за глава се држеше.

Високиот пресинг на Комо

Со Комо нема играње. Откако ги зема Фабгрегас, екипа ги направи. Првата сезона 10-то место, втората дури 4-то. 84.000 жители има градот, колку што собира еден стадион, а ЛШ ќе играат. Потсетуваат на Аталанта кога пред неколку години ја засили конкуренцијата во Серија А. Погледнете како машки им одиграа на Наполитанците кои ги совладаа со 1:2.

Зверев играше 10 часа во два дена на УС Опен

Александар Зверев се пласираше во 3. коло на Отвореното првенство на САД откако во ноќта меѓу четврток и петок го совлада Французинот Квентин Алис со 3:2 по сетови: 6:4, 4:6, 7:6, 6:7, 6:3. И тоа само два дена по лудиот дуел со Лоренцо Сонего кој траеше четири часа и 53 минути. Овој пат дуелот меѓу Зверев и Квентин Алис траеше четири часа и 33 минути а поради голема влажност мечот беше прекинуван и се играше се до 2:15 часот после полноќ во Њујорк.

Македонска трага на стадионот на Мајнц

Убаво е чувството кога во една светска фудбалска сила како Германија, на стадион ќе налеташ на нешто наше. На самиот влез на една од трибините на стадионот на Мајнц, се наоѓа големиот мурал посветен на Николче Новески, капитенот кој остави голема трага во клубот, каде играше во периодот 2004-2015. Од Битола до Мајнц, неговото име и денес живее меѓу навивачите.

Шутирај од таму колку сакаш

Стопер кога ќе ја опали, опалена е, особоено кога ќе го потценат и ќе го остават вака сам. Јуки Кобајаши од Јагелонија ги изненади сите со завршницава. Сите мислеа ќе подава.

Страшниот гол на второлигаш против Баерн Минхен

Скоро да не се памети кога голман на Баерн Минхен примил ваков страшен гол од преку 30 метри. Во натпревар од 1. коло на Купот на Германија, новиот второлигаш Оснабрик го пречека Баерн Минхен. Домаќините поведоа први со лудоријата на Робин Мајснер уште во 5' минута. Еврогол со полна од далечина. Баварците после направија пресврт и победија 1-4 со 2 гола на Хари Кејн.

Адама „значи“ Траоре басикаменте

Триесет годишниот шпански фудбалер со африканско потекло Адама Траоре како слободен играч доаѓа во Депортиво А Коруња (по ново е А Коруња, не е веќе Ла Коруња). На презентација 85 пати кажал „basicamente“ или во превод „во суштина“ или „во принцип“. Осумдесет и пет пати!