Offside

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона во Лига на шампони. Актуелниот првак во Лига Европа славеше дома со 33:31. 

Вучиќ има подкаст, излегува првата епизода за кошарка

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред некоја година изјави дека се запишал на стручни студии за кошаркарски тренер и дека сериозно намерува еден ден да се занимава со тоа. Од неговата партија Српска напредна странка на една Инстаграм страна соопштија дека во петок напладне ќе почне новиот формат „Александар Вучиќ - разговори за луѓето, животот, спортот, културата, верата, историјата и сето она што не поврзува“. Прв гостин му бил легендарниот тренер Мирослав Мута Николиќ.

Колку заработуваат неделно најскапо платените фудбалери во Саудиска Арабија?

Португалецот Роналдо е најскапо платен играч не само во Саудиска Арабија туку и еден од најскапо платените фудбалери на светот. Кристијано во Ал Наср неделно заработува околу 3,93 милиони евра односно на годишно ниво околу 204,36 милиони евра со се бонуси. Колку заработуваат другите најплатени фудбалери во Саудиска Арабија?

Еднаш во сто години

Фудбалерката на Денвер Самит од женското фудбалско првенство на САД Ема Реган успеала во нешто што многумина го пробуваа редовно ама не им успеа. Со топка низ нозе на четири свои соиграчки.

Комити во бојкот: Управа оди си

ФК Вардар лошо ја почна сезоната. Имаше неуспешно европско лето, загуби од ривалот Шкендија и брзо направи тренерска смена. Не функционира ниту релацијата клуб - навивачи. Кулминацијата на револтот на Комити е нападот врз нивни деца од страна на обезбедувањето на управата. Затоа донесоа одлука да ги бојкотираат сите натпревари се додека Миленко Неделковски не си замине од клубот.

Един Џеко става крај на репрезентативната кариера

Легендарниот напаѓач од Босна и Херцеговина Един Џеко реши да стави крај на фантастичната репрезентативна кариера. Со БиХ играше на 2 Светски првенства и имаше многу подеми и падови, ја носеше селекцијата како прав капитен.

Соиграч на Серафимов се кандидираше за гол на сезоната во Бугарија

Левски Софија го доби градското дерби против Славија Софија на гости со пресврт 1:2. Ирецот Армстронг Око Флекс дрско и умешно си поигра со цела одбана на домаќините. Слалом каков што ретко се гледа во Бугарија.

Фелипе Андерсон уште во 5-та секунда го покоси Нејмар

На реваншот од четвртфиналето на Купот на Бразил меѓу Сантос и Палмеирас немаше голови, натпреварот заврши 0-0 па Палмеирас оди понатаму после триумфот 3-0 на домашен терен на првиот дуел. Синоќа уште во 5' секунда Фелипе Андерсон кој играше за Вест Хем и за Лацио, го покоси Нејмар и доби жолт картон.

Тоти си е Тоти и на 50 години

Фиорентина по повод јубилејниот 100-ти роденден организираше меч меѓу легендите на клубот против таканаречениот „Serie A Nostalgia Team“. Го викнаа и Франческо Тоти кој уште има во нозете.

Илија Абутовиќ: „Си ја сакам Македонија, ракометна земја со најсилна лига на Балканот“

Легендарниот српски ракометар цели 9 сезони помина во Македонија. Играше за РК Вардар 1961 во најславните денови во Лига на шампиони и за Еурофарм Пелистер, двата најголеми ривали а никогаш не бил омразен од навивачите. Напротив многу почитуван за неговата борбеност, фер плеј и прав спортски дух.

Тотално необична кореографија на дуелот Оснабрик - Баерн Минхен

Германскиот Куп почнува со учество на најсилните клубови уште во рана фаза во овој период од годината, па често се случува гигантите да играат со некој второлигаш, третолигаш, четвртолигаш. Баерн Минхен синоќа гостуваше кај новиот второлигаш Оснабрик кој направи големо изненадување кога прв поведе уште во 5' минута, но до крајот гостите победија 1-4 со два гола на Хари Кејн. Најинтересен момент од дуелот беше кореографијата на домашните навивачи кои направиле прав ролеркостер во буквална смисла.

Мајсторски фудбалски ролинг ала Зидан

Хрватот Тонио Теклиќ се истакна јако во турскиот шампионат со соло завршница која ги збуни сите. Игра за Мардин, а велемајсторијата ја изведе на гостувањето против Сиваспор. Уникатен потег.

Жозе Мурињо вовел пет правила во Реал Мадрид за строга дисциплина

Реал Мадрид одлично ја почна сезоната под водство на легендарниот Жозе Мурињо. Во Ла Лига Реал има 3/3 на стартот со гол разлика 10:2. За разлика од претходно, во екипата владее поцврста дисциплина од претходно.

Фудбалот во Аргентина ќе застанува во чест на Меси

Веројатно никогаш нема да дознаеме колку е голем. Само потврда плус стигна од неговата земја, каде натпреварите почнаа да се прекинуваат во негова чест.

Потрошени над 3 милијарди фунти за трансфери во Премиер лига

Штотуку заврши уште еден ултра потрошувачки преоден рок во најбогатата фудбалска лига на светот, англиската Премиер лига. Премиерлигашите потрошија над 3 милијарди фунти на засилувања. Најмногу пари потроши но и доста заработи Манчестер Сити кој издвои околу 427 милиони фунти за нови играчи. Челси и Тотенхем потрошија над 300 милиони фунти секој.

Холивудски тенис во Њујорк

Во бројните вести за Ѓоковиќ, Алкараз, Синер, Зверев и Медведев, некако сите како да подзаборавија на една тениска легенда - Французинот Гаел Монфис. На дента кога го прослави 40. роденден УС Опен се пласираше во 2. коло откако во напорен меч го растури помладиот Парагваец Ваљехо со 3-1 во сетови. Ја направи и неговата позната и култна елевација, смеч во скок што е права реткост во тенисот.

К-а-р-а-м-б-о-л

Комична ситуација имало на дуелот меѓу Флоридздорфер - Вакер Инзбрук (2-0) во 5. коло од австриската втора фудбалска лига.

Како беше пречекан Меси на последниот меч за Аргентина пред своја публика?

Мундијалот во САД, Канада и Мексико беше последната репрезентативна етапа за Лионел Меси, кој денеска соопшти дека се повлекува од националниот тим. Но, последниот танц дома во дресот на Аргентина го имаше лани на 5 септември против Венецуела. Даде два гола за победа од 3:0. Пуштете ги звучките посилно за да го слушнете ова ехо на Монументал во Буенос Аирес.

Влаховиќ со хет-трик се чекираше во Турција

Бешикташ го декласираше Чорум со 6:2 во 3. коло од турскиот шампионат. Гол машината Душан Влаховиќ проработе и три пати, со што ги постигна првите голови за новиот тим: 43`, 59` и 66` минута.

За Манчестер Ферги ако треба на една нога ќе дојде

Сер Алекс Фергусон, великанот на клупата на Манчестер Јунајтед со 38 трофеи, на 84 години и плус повреден, оди на лице место да ги гледа своите. Му возвратија со победа од 5:2 против Ипсвич. Што ти е верност.

Зошто едните се Атлетик а другите Атлетико?

Да копнеме по историјата на овие два гиганти од Шпанија.

Кога двајцата најголеми се додаваа на терен

Лионел Меси дочека да освои светска шампионска титула со Аргентина, нешто што пред него го направи Диего Армандо Марадона, двајцата најголеми синови на гаучосите. Едно време соработуваа и во репрезентацијата кога Диего беше селектор а Меси капитен. Лионел синоќа и официјално се прости од националниот состав, од неговиот најомилен дрес.

Од Јамал ќе биде нешто големо, на 19 години стигна до бројка недостижна ниту за Меси

Фрчат насловните за Јамал после синоќешните два гола против Рајо. Уште е дете, а веќе има 50 гола за Барселона. Неверојатно. Плус не е ниту класична 9-ка.

Карлос Алкарез се врати конечно, по пауза од 5 месеци и победи во Њујорк

После цели пет месеци пауза поради повреда, врвниот шпански тенисер Карлос Алкараз се врати на голема сцена и победи во 3 сета глатко против Роман Сајфулин: 6:4, 6:4, 6:4 на Отвореното првенство на САД.

Судија во Албанија изеде бокс од претседател на прволигаш

Ризична работа е судиската, посебно во селските лиги. Ама и во прва лига има сељаци кои напаѓаат судии. На мечот меѓу Елбасан и Влазнија, мета беше линискиот судија, а напаѓач претседателот на гостинскиот клуб, Албан Џафери.