Лучано Спалети целосно ги загуби нервите и физички и вербално го нападна Хуан Кабал за време на натпреварот од Лига Европа против АЗ Алкмар. Иако Јувентус победи со 2:1, Спалети збесна во финишот на средбата поради падот на концентрацијата во одбраната. Според италијанските медиуми италијанскиот стратег на својот фудбалер му се обратил со зборовите: „Ќе те удрам ако не внимаваш!“