Навивачи

Делии во врвна форма против Баерн Минхен 1991-та

Олд скул VHS снимка од 1991-ва. Годината кога Црвена Ѕвезда стана европски шампион, а со нив богами и навивачите. Кадриве се од полуфиналето против Баерн Минхен. Многу моќно.

Контате така?

Навивачи на ПСЖ или можеби само парижани и евентуално симпатизери на ПСЖ, со нов аутфит ја следеа мега пресметката од ЛШ против Барселона. Со здравје да се носи, што да кажеме друго :).

Барселона ќе го пријави ПСЖ за морничавата кореографија

Пред почетокот на натпреварот меѓу ПСЖ и Барселона (4-2) во 3. коло од Лига на шампиони, навивачите на парискиот состав кренаа не баш пријатна кореографа - ликот на серискиот убиец од хорор филмот „Тексашки масакр со моторна пила“ како со моторна пила го сече грбот на Барселона. За повизуелно „шоу“ запалија и неколку прскалки кои како да фрлаат искри од моторната пила. Се очекува УЕФА да го казни ПСЖ за ваквата кореографија плус за некои навредливи пароли и скандирања и за употреба на пиротехника.

Мизерна ноќ за навивачите на Јувентус - дебакл дома, палеа свои шалови

Јувентус од година во година паѓа во сè поголем резултатски очај од кој како да нема излез. По заминувањето на Ањели од клубот, Јуве стана просечен италијански клуб. Синоќа Лацио на Гатузо ги згроми 0-3 а можеше да им даде уште толку гола.

Аргентинците имаат уникатна страст за фудбал

Сан Лоренцо губи 0:2 од Бока Јуниорс, а надвор истура дожд. Каква стреа, каков резултат. Погледнете ја оваа поддршка. Нешто невидено.

Торцида ги нападнала навивачите на Ајакс во такси и им одзела транспаренти

Како што пренесуваат навивачките страни на друштвените мрежи, синоќа после натпреварот Хајдук - Ајакс во Сплит, група навивачи на Хајдук го сопреле насилно такси возилото со кое се возеле двајца навивачи на Ајакс кои биле нападнати, претепани и им биле одземени ранците во кои чувале важни знамиња од групите: F-Side, Ultras Amsterdam и Paddy. Навивачите на Ајакс уште при доаѓањето во Сплит рекле дека навивачката група има доушници меѓу таксистите кои ги местат гостинските навивачи во опасни зони.

Опасно моќна кореографија на навивачите на Лех Познањ

Кај полските навивачи гостувањата се обично сè освен пријатни. Баер Леверкузен го пречекаа со гигантска кореографија на која е прикажан хемичар, облечен во заштитен костим и со гас-маска, како под слоганот „Најопасната дрога“ крши на пола таблета на која стоеше логото на фармацевтите. Во другата рака, ликот држи таблета со испишана кратенка Лех, како метафора дека вистинската зависност и моќната сила на стадионот доаѓаат од страста кон полскиот клуб, а не од познатите корени на нивниот противник, основан од фармацевски гигант.

Сплитска полиција спречила судир меѓу навивачи на Хајдук и Ајакс

Неколку стотини навивачи на Хајдук синоќа на сплитската Рива тргнале во потрага по стотина навивачи на холандски Ајакс во пресрет на фудбалскиот натпревар на овие два клуба во Конференциска лига. Хрватските медиуми пренесуваат дека само што стигнале едни до други, полицијата одлучно влегла и ги раздвоила двете страни. И поделила прописен ќотек.

Посебната емоција на тифозите на Рома за Жозе Мурињо

Жозе Мурињо во сезоната 2021/2022 на Рома ѝ го донесе првиот голем трофеј во еврокуповите откако освоија Конференциска лига по триумф во финалето против холандски Феенорд. Синоќа се врати на „Олимпико“ во Рим, во улога на ривал со Реал Мадрид и чудесно победи 3-4 после историски пресврт.

Играта на зборови и занимливите пароли на дербито Ливерпул - Манчестер Сити

Иронијата на судбината сакаше првиот меч на Манчестер Сити после пресудата на судот дека се виновни по сите 114 точки од обвиненијата, да биде токму против Ливерпул. На „Енфилд Роуд“ се одигра големото дерби кое мина во знакот на паролите од двете страни. Гостите убедливо славеа 0-3.

Овие од Галатасарај правеле дубара со бучавата?

Турските стадиони важат за жежок терен за кој и да дојде кај нив. Атмосферата секогаш е бучна. Ама сега се појавија пар видеа од стадионот „Али Сами Јен“ на Галатасарај каде пред веќе испразнети трибини се слуша силна бучава и свирежи како некој да ги пушта преку звучници. Некој Јутјубер, навивач на Барселона снимил празен стадион и чудна бучава синоќа после дуелот Галатасарај - Барселона.

Барса во Истанбул се соочи со лудило пред хотел

Галатасарај вечерва ја пречекува Барселона во 2. коло од ЛШ. Кој знае дали око склопиле избраниците на Флик со ваков вознемирувачки пречек на Турците во 2:30 по полноќ.

Ова не се купува со пари

Ракометарите на Вардар го забележаа третиот пораз во Лигата на шампионите, овојпат од Висла Плок со 26-32. Тешко им одеше на вардарци против гранитната одбрана на полскиот тим која на крајот ја направи разликата. Но, она што го добија од трибините е непроценливо. Гласно бодрење има пред, за време и по завршувањето на мечот.

Ако некој знае да намириса профитери, навивач знае

Во Аргентина Лионел Меси беше празнично испратен во репрезентативна пензија. Со многу емоции, солзи, носталгија за прекрасното време поминато во најомилениот дрес. Ама навивачите во Аргентина се толку гневни на тамошната фудбалска федерација (АФА) која заработува грдни пари преку успесите на репрезентацијата. Првиот човек на АФА Клаудио Тапиа го сметаат за профитер и преварант и често го навредуваат.

Ова го нема во НБА

Навивачите на Арис приредија шоу во Еврокупот на мечот против Сан Пабло Бургос кој го добија со 93:80. Нено беше прв стрелец во тимот. Вакви сцени може да се видат само на европска кошарка.

Шкотските навивачи ќе му бараат дом на кучето што влета на терен

Кучето кое истрча на теренот и за момент го прекина натпреварот меѓу Македонија и Шкотска (0-2) стана една од поубавите приказни по фудбалската пресметка во Скопје.

Шкотските навивачи имаат посебна култура на гостувања како никој друг

Таксисти, не им наплаќајте на Шкотланѓаните 1.000 за 3 км. Угостители, не ги дерете 10 евра за пиво. Во Скопје доаѓа најдобрата навивачка група и тоа по трет пат.

Како на англиски навивачи им стигна пиво на шанк во Прага?

Англија ја победи Чешка со 2-0 на гости во 2. коло од Лигата на нации. За освежување на гостите, турата пристигна од железничка.

Швајцарски навивачи во голем број доаѓаат во Скопје

Фудбалската репрезентација на Швајцарија е редовен учесник на најголемите натпреварувања, а неретко се случува во последниве години да стигнува и до самата завршница на Европски и Светски првенства каде игра важна улога. Во тие походи имаат поддршка од илјадници навивачи кои ќе дојдат и во Скопје.

Навивач на Валенсија за ова место плаќа сезонска карта

На прва снимава изгледа како да е на Градски, ама оригинал, а тоа да ти биде Местаља. Навивач побарал од клубот промена на местото за секое плаќа сезонска, бидејќи сегашното му е неприфатливо. И тој над него е чудно збутан, но неговата позиција е за никаде. Скали има под него. Предности? Одење прв во тоалет и избегнување на метежи.

Детска искрена емоција за дрес од идолот

Пауло Дибала со еден потег му приреди радост на еден млад навивач на Рома, што никогаш нема да ја заборави. Се упати кон трибините, го соблече дресот и се погрижи тој да заврши директно кај него. Мал гест од Дибала, спомен за цел живот на навивачот.

Прекрасен гест со единаесетмината на Бетис

Сите клубови обично на терен излегуваат со деца маскоти. Реал Бетис смисли нешто сосема поинакво.

Само двократен европски првак може вака да биде испратен и после пораз

Се врати Лигата на шампиони во Скопје, се вратија лекциите по навивање на Комити кои и после поразот од Нант во последните секунди, не ги пуштија играчите да одат во соблекувална.