Фудбал

ЦСКА Софија го покажа новиот модерен стадион

Изградбата на новиот стадион на бугарскиот трофеен гигант ЦСКА Софија „Бугарска армија“ чини меѓу 80 и 90 милиони евра. Проектот го финансира клупската управа односно сопствениците со приватен капитал. Новиот стадион ќе има околу 18.500 седечки места за домашните дуели а за еврокуповите капацитетот ќе биде намалуван на 16.819 седечки места.

Во Сараево во чест на Џеко место 10-ка ќе се служи 11-ка со кромид

Начинот на кој целата земја се подготвува за збогувањето на Един Џеко од националниот тим, кажува многу за тоа колку тој им значи на луѓето во БиХ.

Кој е стариот волк кој се справи со егото на Роналдо?

Пријателот на Кристијано Роналдо и шпански спортски новинар, 39-годишниот Еду Агире смета дека селекторот на Португалија Жорже Жезус намерно го испровоцирал најдобриот голгетер на сите времиња да замине од репрезентацијата. Дека му ветил дека ќе се извини јавно, но не се извинил, напротив...

Како Арена ги спрема преносите од Градски?

Од поставување опрема до реализација на еден пренос на македонската фудбалска репрезентација работат меѓу 25 и 30 луѓе. Целиот пренос почнувајќи од подготовките трае две недели.

Арапите до Велика Британија: Сурова казна кон Сити ќе го намали интересот за вложување пари

Одлуката на судот дека Манчестер Сити е виновен по сите 115 точки од обвинението за финансиски малверзации и затајување уште го разбранува Островот. Голем дел од јавноста бара драконски казни за трофејниот клуб од Манчестер, а се огласи и другата страна.

Расмус Хојлунд го оттурна селекторот на Португалија

Дали поради тоа што Кристијано Роналдо му е идол или од којзнае која друга причина непозната, данскиот центарфор Расмус Хојлунд кој играше за Манчестер Јунајтед, го оттурна непријатно селекторот на Португалија Жорж Жезус при поздравување на крајот. Центарфорот на Наполи претходно даде гол за 2-2 во 53' минута и го прослави како Роналдо во негов стил.

Насловна на денот

Она што се најавуваше и предвидуваше, синоќа се оствари. Португалија и без најдобриот голгетер на светот на сите времиња Кристијано Роналдо кој бурно замина од репрезентацијата, има штоф за големи дела. Ја победија незгодната Данска среде Копенхаген 2:4 и покажаа дека можат и без ветеранот. Најпознатиот спортски лист во Португалија, О Жого излезе со интересна насловна: CR11

Џабе лежење на жив ѕид со ваков мајстор од Велс

Селекцијата на Норвешка бележи нов пораз во Лига на нации. Велс им направи пресврт од 0:1 на 2:1, а мечот го реши Неко Вилијамс со многу незгоден и неочекуван слободен удар.

Волтемаде се посрамоти од два метри

Германија ја совлада Србија 2:0 во 3. коло од Лига на нации. Требаше да бидат 3, но резервниот напаѓач на Јувентус, Ник Волтемаде, непречен од никого ја опали над гол.

Мини мајсторија на Вирц, прва победа за Клоп

По ремито со Холандија и поразот од Грција, Јирген Клоп конечно се израдува како селектор на Германија. Ја доби Србија со 2:0 во 3. коло од Лига на нации и ја оправда фаворитската улога. Играч на мечот беше Флоријан Вирц кој прво шебаше во шеснаесетник, а тоа резултираше со гол на Бишоф. Во вториот дел, ѕвездата на Ливерпул со еден потег го измести Срѓан Бабиќ со што ставо точна на мечот.

Португалија во Копенхаген броеше до 4 без Роналдо

Селекцијата на Португалија се движи сигурно во Лигата на нации. По победите над Велс и Норвешка, ја добија Данска на гости со 2:4. Кансело, Рамос, Витиња и Феликс се погрижија за гостинската победа и перфектниот скор 3 од 3. Џабе сите драми со Кристијано Роналдо. И без него се јаки.

Ирски напаѓач да ви покаже како си игра сам против сите

Ако треба да издвоиме една соло бравура од четврточната понуда во Лига на нации, тогаш таа е од мечот Ирска - Австрија кој заврши 2:2. Првото полувреме во Даблин заврши 2:0 за домаќинот благодарение на двата гола на Трој Парот. Напаѓачот на Бетис вториот гол го даде од пенал, а првиот за најавни шпици. Ја воодушеви публиката.

Арсен Венгер, кратко и јасно за почитувањето на финансискиот фер плеј

Изјава на францускиот стратег дадена во 2020-та за финансискиот фер плеј на Манчестер Сити.

Ибра со свое видување за парите и Манчестер Сити

„Ако парите сами по себе гарантираа успех, Манчестер Сити ќе освоеше многу повеќе титули во Лигата на шампионите. А ја имаат освоено само еднаш“.

Волеј што двајца голмани не го бранат

Триесет и три годишниот романски репрезентативец, одличниот Николае Станчу кој играше за Васлуи, Стеауа Букурешт, Андерлехт, Спарта и Славија Прага и за некои арапски клубови, па и италијанска Џенова, сега е во Кина. Таму стигнал во јануари годинава и игра за Јингбо. Сега се прославил со страшен гол на дуелот против Лиаонинг Тиерен во 84' минута за победа.

Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа

Селекторот на Португалија зборуваше на прес за жешката тема „Кристијано Роналдо“. Проблем со него вели дека нема, туку се работи за тренерска одлука.

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Познатиот шпански новинар и водител Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“ ги открил случувањата во и околу кампот на португалската репрезентација откако Кристијано Роналдо предизвика бура со одлуката да ја напушти базата пред натпреварот со Данска во Копенхаген и да се врати во својот клуб Ал Наср.

Гол на месецот - неверојатни ножички на млад Португалец

Португалија У-21 го совлада Гибралтар со 4-0. Еден од головите даде новиот фудбалер на Рома, 19-годишниот центарфор Родриго Мора. Страшни ножички за прекрасен еврогол!

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Како што пренесува Црвена Ѕвезда, тие побарале од него да им ја даде Златната копачка за да направат реплика, но тој им одговорил дека музејот на клубот е вистинското место каде треба да биде изложена и им ја дал оригиналната верзија. Панчев ја освои Златната копачка откако во сезоната 1990/1991 заврши како најдобар стрелец во Европа со 34 голови.

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Кристијано Роналдо потврди дека го напуштил кампот на португалската репрезентација пред натпреварот од Лигата на нации против Данска, закажан за в четврток.

Почнаа мајтапите со случајот Манчестер Сити

Исходот од обвиненијата против Манчестер Сити:

На директорот на Сити не му е до новинарски прашања

Премиер лигата го прогласи Манчестер Сити за виновен по сите основи околу финансискиот фер плејф, за оној фамозен случај од 115 точки кој се влече три години. Новинар на Скај, го начека извршниот директор на клубот, Феран Сориано, ама на овој не му се зборуваше на таа тема.

Овие па на пријателска ќе се затепаа

Бразил одигра две пријателски против Австралија. Ама не се сите среќни од тоа гостување. Рафиња, кој игра во топ форма за Барса се повреди. Ендрик пак се закачна со еден, две глави повисок од него и фати да глуми откако го штипнаа за обравчето.