Фудбал

Голманче, ти си ни сомнителен

Хондурас со 2-1 го совлада Курасао во натпревар од групна фаза на Голден Куп кој се игра во Северна и Централна Америка а од некоја причина игра и Саудиска Арабија (веќе ништо не не изненадува). Хондурас повел прв, а Курасао израмнил по една срамна грешка на голманот на Хондурас Едрик Менхивар.

Вардар го преслуша Рапид Букурешт со голчиште

Вардарци се на подготовки во Словенија пред квалификациите за Конференциската лига на 10 јули против Ла Фиорита. Го добија Будуќност од Подгорица со 3:0, па загубија од Олимпија, а во третиот дуел го совладаа Рапид Букурешт со 1:0. Јака левица на Закариќ.

Барселона со интересно видео најави враќање на „Камп Ноу“

На 28. мај 2023-та година Барса го одигра својот последен дуел во својот дом „Камп Ноу“ кој од тогаш се реновира. Каталонците долго време веќе играат на Олимпискиот стадион „Монжуик“. Сега најавија дека на 10. август ќе се вратат дома, ќе играат повторно на својот стадион но само со ограничен број на гледачи поради градежните работи кои уште подолго ќе потраат на стадионот.

Нојер не е Нојер ако не истрча далеку

Бенфика го совлада Баерн Минхен со 1-0 во 3. коло од групната фаза на Светско клупско првенство. Баварците има повеќе посед, корнери и шутеви но Бенфика искористи една од неколкуте шанси и преку Андреас Шјелдруп ја однесе победата за прво место во групата Ц. Мануел Нојер и на овој меч со Португалците истрчуваше далеку од својот гол. И Баерн Минхен оди понатаму во осминафинале, а испаднаа Бока Јуниорс и Оукленд Сити.

Најдивите 30 секунди фудбал

Видеото е од Велс, каде не гледаме намера и желба некој да нагази топка. Кому иде играат, рогачката.

Пеп заигра шева на плажа со играчите

По партија истегнување и јога вежби, фудбалерите на Манчестер Сити добиле и право на топка на плажа па заиграл и Пеп Гвардиола со нив. Екипата престојува во САД каде игра на Светско клупско првенство.

А ако настрадаше некој во глава?

Необична, па и опасна ситуација на мечот меѓу Канада и Ел Салвадор. Директ во камера ја шутна топката.

Убавината на фудбалот

Непосредно пред Светското клупско првенство, Ваихеке Јунајтед, тим во четвртата дивизија на Нов Зеланд, составен во целост од Аргентинци кои живеат во Нов Зеланд, го победи Оукленд Сити со 2-1 во Чатам Купот. Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс одигра нерешено 1-1 против Оукленд Сити.

Лион исфрлен во втора лига, должи 508 милиони евра!

Како гром од ведро небо синоќа одекна веста дека еден од најтрофејните француски клубови - Олимпик Лион е принудно исфрлен во Лига 2.

Сензациски резултат на аматерите од Нов Зеланд против Бока Јуниорс

Минатата недела пишувавме за дечките кои играат за 66 фунти неделно и кои отидоа на Светско, откако добија неплатен одмор од работа. Епа му извадија реми на аргентинскиот гигант Бока. Стрелецот е наставник.

Среќен роденден генијалецу

Денеска му е роденден на веројатно најголемото фудбалско битие во историјата. Наполни 38 години, уште везе и не застанува да везе. Има рекордни 45 клупски трофеи, над 850 гола, преку 380 асистенции, 8 Златни топки и кај ќе ни биде крајот ако броиме уште. 70 секунди морници.

Иниеста имаше рецепт за Зидан

Одиграа бројни Ел класика, со многу дуели, дриблинзи, голови, победи и порази. На крајот и едниот и другиот влегоа во историјата како едни од најдобрите техничари со топка.

Јако ретро, Шукер vs Шмајхел

ЕП 1996 беше првиот голем турнир за Хрватите по распадот на Југославија. Тимот им беше драма, со Ладиќ, Јарни, Штимац, Билиќ, Асановиќ, Просинечки, Бобан, Шукер, Станиќ, Бокшиќ. Стигнаа до четвртфинале, а во групна фаза го совладаа бранителот на трофејот Данска. Давор Шукер еднаш го предупреди Шмајхел да не го напушта голот, ама овој не слушаше.

Санти Казорла и Пауновиќ го внесоа Овиедо во шпанска Ла Лига после 24 години

Бесконечна радост имало деновиве во шпанскиот град Овиедо чиј истоимен тим го победи Мирандес во реваншот од финалето на баражот за пласман во прва лига и се пласираше во најдоброто шпанско фудбалско друштво. Првпат после цели 24 години!

Луис Енрике: „Терените на Светско клупско се со дупки, НБА не верувам дека би играла така“

ПСЖ игра интересно прво издание на Светско клупско првенство. Европскиот шампион забележа два триумфи и еден пораз и го освои првото место во групата Б па во осминафинале ќе игра против Интер Мајами на Меси и Суарез.

Заработката на Мајами од Светското е еднаква на 71 Куп трофеј во МЛС

Интер Мајами ремизираше со Ал Ахли и Палмеирас и го победи Порто, доволно за пласман во осминафинале каде ќе игра против ПСЖ. Да видиме што значи тоа во пари.

Една баба има прашање до Меси

Уште ваква понуда нема стигнато до аргентинскиот ас.

Фејкот на Снуп Дог е пореален од оригиналот

Снуп Дог е хит на Светското. Навивач е на Ботафого и го има на секој негов натпревар. Само што не е ова пејачот Снуп Дог и никој нема право да ви замери ако цврсто верувате дека е он.

Заврши Светското за Атлетико Мадрид

Имаме разврска во две групи на Светското во САД. Палмеирас, Интер Мајами, ПСЖ и Ботафого се првите осминафиналисти. Порто, Ал Ахли, Атлетико Мадрид и Сиетл Саундерс се елиминирани.

Јунакот на Светското кој гледа со едно око

„Овој инвалидитет не ме ограничува. Вистински верувам дека можам да се снајдам дури и подобро од играчите со две очи“.

Со апарат за притисок се гледа оваа 96-та минута

Во КОНКАКАФ Голд Купот, натпреварување кое се игра на секои две години, Саудиска Арабија и Тринидад и Тобаго одиграа 1:1. Да не си им во кожа на навивачите во судиско. Ретко се гледа драма од ваков вид.

Пандев објаснува зошто деца од странство одбиваат да играат за Македонија

После долги и напорни сезони во Италија каде често се бореше на три фронта, Горан Пандев до 38 играше за репрезентација. Да не зборуваме дека мораше да трпи 300 проблеми со разни гарнитури во ФФМ, во време кога немаше чартер летови. Да чуеме со што се соочува сега тој како функционер. 

Аргентинскиот талент на Сити со слободен удар во стилот на Меси

Манчестер Сити го потопи Ал Аин со 6:0. Супер деби гол на 19 годишниот Клаудио Ечевери, на својот трет настап откако го купија од Ривер Плејт. Гундоган па фати да нафрла, ама ги заеба сите.

Не постои голманско решение за проектилов на Јилдиз

Втора висока победа на Јувентус на Светското. После петардата против Ал Аин, го совладаа Видад Казабланка со 4:1. Мечот беше отворен со автогол во 6 минута, а затворен со пенал на Влаховиќ во 94 минута. Двоен стрелец на средбата беше 20 годишниот Кенан Јилдиз. Стварно не се брани ова.