Диего Гомез постигна гол од неверојатни 51,3 метри. Тој еврогол ќе конкурира и за гол на сезоната сигурно.
А пред неколку дена Гомез повторно постигна страшен гол.
Viendo resumido Brighton 2-0 Brentford. ¿Y si les da por pelear la Premier a estos locos? Llevan años siendo el típico equipo que no para de crecer en silencio. El gol de Diego Gómez magnífico. https://t.co/hFsAZwOmS7
— Fran Navarro (@fran_navarr0) November 9, 2026
Овој феномен на Брајтон постави рекорд сезонава по број на обиди од огромна далечина.
ЗОШТО Е ТОА ТАКА?
Во последните години екипите сè поретко се решаваа да шутираат надвор од шеснаесетникот. Современиот фудбал се повеќе се ориентираше на создавање квалитетни шанси за гол а не на зголемен број удари од далечина. Тука важна улога игра и показателот за очекувани голови - параметарот xG.
Тренерите се подетално работат на позиционирани напади, се стремат да ја доведат топката до опасната зона и дури тогаш да создадат услови за завршница. Најдобар пример е Брентфорд во времето кога ги водеше Томас Франк. Екипата правеше акцент да не завршува со шут туку да го продолжува нападот до најдобра шанса за гол. Три сезони по ред Брентфорд беше во двете најдобри екипи по просечен хG (expected goals) од еден удар.
Но....
Брајтон, пак, е еден од клубовите кои ги користи податоците при составување состав и развива принципи на игра. Ова наметнува логично прашање во врска со се почестите шутеви од далечини: дали аналитичарите во клубот воочиле одредена закономерност која може да се користи на натпреварите?
Во сезоната 2026/2027 која е во тек, во Премиер лига биле изброени 14 удари од далечина не помала од 50 метри. Шест од нив биле од играчи на Брајтон - 42,9% од вкупниот број удари од огромна далечина. Притоа екипата до таа бројка одиграла седум натпревари во Премиер лига.
Веќе во оваа фаза, Брајтон оствари втор најголем сезонски просек кога е збор за шутеви од дистанца, во споредба со сите екипи за кои се достапни историски податоци.
Едно од можните објаснувања се однесува на промената на улогата на голманите. Денес голманот веќе не е само последна линија на одбраната: тој активно учествува во протокот на топка, пружа поддршка на одбранбените играчи и често се поставува далеку од сопствениот гол - фактички делува како играч во поле во тек на почетна фаза на градење напад.
Статистиката покажува дека овој тренд не се однесува само на една екипа. Во сезоната 2026/20207 удар од најмалку 50 метри оддалеченост од голот е упатуван во просек еднаш на секои пет натпревари во Премиер лига.
Колку за споредба, во претходните 20 сезони, најголема зачестеност на овакви обиди е забележана во сезоната 2011/2012 - отприлика еден удар на секои 17,3 натпревари.
Дури и ако Брајтон се изземе, оваа бројка од сезонава и натаму претставува рекорд за перидот кој се разгледувал: еден шут во просек на секој 8,75 натпревари (Без Брајтон).