Навивач во инвалидска количка влета на теренот да прослави победа

Натпреварот од турската трета лига имал седум гола, луди пресврти и на крај триумф од 4:3 на домашниот клуб Ѓебзеспор над Инеѓол Кафкас. Победничкиот гол паднал дури во 90+5' минута во судиското продолжение. Херој на Ѓебзеспор бил Батухан Алтинташ, кој го дал победничкиот гол. А радоста ја споделил и еден навивач кој влетал на терен со инвалидска количка.

11 ноември 2026 - 14:32