Луда завршница во европската кошарка: Париз го доби Фенер во последна секунда

Најлудиот натпревар досега сезонава во Евролига го одиграа Париз и Фенербахче. Во 11. коло Парижаните имаа осум поени предност на две минути до крај. После имаа пет поени плус и топка на 65 секунди до крај но направија серија глупости, промашија дури три зицери по ред и Фенербахче го одведе натпреварот со 92:92 во продолженија. Таму се играше кош за кош се до последната секунда и тројката на Надер Хифи за победа на Париз.

Фенербахче во еден момент имаше негатива од -15 поени но се врати, поведе и се избори за продолженија. А таму имаше сè и сешто:

Париз после 11 кола има 5-6 а Фенербахче 7-4.

Standings provided by Sofascore
12 ноември 2026 - 09:41