Луда драма во Аргентина, Розарио славеше титула, Бока им ја зема во 95-та минута

Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.

Во Аргентина има чуден, најчуден фудбалски систем кој ни самите не знаат добро да го објаснат. Играат практично две првенства а тој што ќе биде прв на табела на крајот од првата полусезона од пред пар години е прогласуван за шампион на есенскиот дел. Со пехар со сè.

Росарио Сентрал победил 2-0 против Естудијантес де Рио Кварто и цел стадион со играчите еуфорично ја славеле титулата на теренот мислејќи дека дуелот меѓу Бока Јуниорс и Дефенса Жустисиа е завршен 0-0.

Ама така не мислеше и ветеранот од Еквадор Енер Валенсија кој постигна гол во 90+5' минута за победа на Бока 1-0 и луд делириум на Бомбонера во Буенос Аирес: 

 

9 ноември 2026 - 09:17