Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Седлоски: Мечот го реши ВАР, немам што да им замерам на момците

14 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
  • Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
  • Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.
извор

Македонија ја чека Словенија во Скопје

16 November 2026
  • Share
  • Post
  • Најдобрата македонска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза во УЕФА Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе ја пречекаат селекцијата на Словенија. Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.
  • По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.
  • Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13-9.
извор

Милосављев: Во Вардар немав добар договор, но таму уживав најмногу

16 November 2026
  • Share
  • Post
  • Српскиот голман Дејан Милосављев, кој денес го носи дресот на полски Киелце, се потсети на периодот поминат во Вардар и откри дека токму сезоната во која ја освои Лигата на шампионите била една од најубавите во неговата кариера, иако тогаш условите во клубот не биле идеални.
  • Милосављев во Скопје пристигна во 2018 година, на само 22-годишна возраст, како голем голмански талент од Партизан. Во својата единствена сезона во „црвено-црниот“ дрес остави силен впечаток, а круна на неговиот престој беше историскиот триумф во Лигата на шампионите во Келн во 2019 година.
  • „Кога зборувам за мојот пат и моите почетоци во врвниот ракомет, секогаш кажувам дека во Вардар, кога ја освоивме Лигата на шампионите, воопшто немав стрес. Тогаш најмногу уживав. Во Вардар немав ни добар договор, ниту пак работите беа како што треба, но самиот тој ракомет мене ми беше најголемо уживање.

    Дури кога се преселив во Германија, сфатив што значи стрес и притисок. Кога добив деца, кога чувствуваш дека ако си повреден и нема да играш две-три недели може да се изгуби првенството, кога сите очекуваат нешто од тебе кога на тимот му е најтешко...“, вели српскиот голман.

  • По фантастичната сезона во Скопје, Милосављев во 2019 година се пресели во Фуксе Берлин, каде што изгради репутација на еден од најдобрите голмани во Европа. По седум сезони во Германија, кариерата ја продолжи во полски Киелце, со кој сака да продолжи да се бори за највисоките европски трофеи.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Заслужен одговор

Балканштина
3

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
4

Цена на злото

Балканштина
5

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
6

Беља во најава

Македонштина
7

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
8

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
1

Роналдињо на 46 години му се врати на фудбалот и направи шоу во Италија

Фудбал
2

Блесокот на Елмас против Словенија

Фудбал
3

Фешта на Дончиќ со 43 поени, осма победа по ред за Лејкерс

Кошарка
4

Нов луд кош на Јокиќ

Кошарка
5

Англија го најде лекот за Шпанија, прв пораз на Шпанците после 967 дена!

Фудбал
6

Книгата за Дарко Панчев заврши во музејот на Глазгов Ренџерс

7

Сјајната партија на Нено Димитријевиќ кој го урна големиот Олимпијакос

Кошарка
8

Фудбалски протест со раздвоен жив ѕид

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ако не памтите, сè ќе ви биде ново

Порно лига: Оскари

Жанр кој никогаш не изневерува

Исто е ама не е исто

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy