Вести

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Фондот Situational Awareness на вундеркиндот Леополд Ашенбренер за помалку од три недели премина од годишна добивка од 439% во принудна ликвидација. Загубите од 45 милијарди долари се предупредување за секој инвеститор за ризиците од вложување во недокажаниот потенцијал на вештачката интелигенција без да се почитуваат основите на пазарот.

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Немуслиманските полицајци од англискиот регион Западен Мидлендс добија препорака да постат за време на Рамазан како чин на солидарност со муслиманите Целта на иницијативата е полицајците да го разберат значењето на верскиот празник, а во втор план е како ќе ги извршуваат обврските што се очекуваат од нив – да ги одржуваат редот и мирот.

Украина: Олигархиjа или демократија?

Протестите во Киев за поддршка на разрешениот министер за одбрана се само симптом на подлабока криза во државата. Војната ја наруши структурата на моќта, со последици за парламентот, судството и медиумите, па дури и за олигархиската хиерархија, како „четвртата власт“. Токму тоа сега претставува проблем за демократијата и слободата на изразување.

Речник

Каде што камерите од Flock снимаат луѓе, криминалот расте

Податоци од ФБИ потврдуваат дека не се без основа протестите на Американците, кои уриваат или ги покриваат системите за автоматски читање на регистерски таблички, кои воедно вршат масовен надзор врз граѓаните. Иако се поставени за „значително подобрување на јавната безбедност“ стапката на криминал во надгледуваните региони всушност се зголемила.

Одамна потонати бродови се важен рудник за науката

Бродовите што потонале пред 1945 година се редок извор на метал што не е контаминиран од атомските експлозии. Нивниот челик не остава сопствени траги во експериментите со радијација и затоа се користат како изолација и материјал за инструменти за денешните најчувствителни лаборатории за мерење на зрачење во бункери под карпи од 2 километри.

Европа мобилизира кози против пожари

Шумските пожари во Шпанија и Франција полека стивнаа. Вонредната состојба официјално е укината, но службите остануваат внимателни бидејќи топлотниот бран може да ги разгори жариштата. За да се спречат огнени катастрофи во иднина, се бара поддршка за одгледувањето кози, кои по природен пат го расчистуваат запаливиот терен од суви грмушки.

„Растителното месо“ има повеќе адитиви од вистинското

Милиони луѓе се префрлаат на растителни замени на месото и на млечните производи за да се хранат „поздраво“. Нова студија открива дека алтернативите се полни со гуми, емулгатори и стабилизатори за да го имитираат вкусот и текстурата на месото и млекото што треба да ги заменат. Не се нужно штетни за здравјето, но немаат никаква предност во однос на природните.

Населението на ЕУ го достигна врвот, по 2029 ќе оди само надолу

ЕУ сега има 450 милиони жители и по 2029 година ќе почне да губи население и ќе старее, покажува нов демографски извештај. Падот на наталитетот и зголемувањето на просечниот животен век ќе го продлабочува јазот помеѓу работоспособните и пензионерите и ќе предизвика внатрешна миграција на младите од источните региони кон урбаните центри на запад и север.

Британија потрошила 10 милијарди фунти на неупотреблива опрема за ковид

Несоодветни или неупотребливи биле две третини од сите средства за лична заштита на персоналот во британските болници за време на пандемијата, заклучи независна комисија за ковид. Кога почнала пандемијата, магацините биле празни. При итните набавки приоритет имале добавувачи што се поврзани со владата. Се кроеле импровизирани мантили од ќеси за ѓубре.

За половина век се преполовил тестостеронот кај мажите

Денешните мажи просечно немаат ни половина од тестостеронот што го имале мажите во 1979 година, покажува ново истражување. Отсуството на машките хормони се поврзува со намалената плодност, со падот на расположението, енергијата, метаболизмот, мускулната маса, густината на коските, па и со сè поизразената женственост на денешните мажи.

Сенатот на САД е елитен клуб на старци

Долгото отсуство на американскиот сенатор Мич Меконел по хоспитализацијата поради мистериозни здравствени проблеми ја врати старата шега за Капитолот: Тоа е елитен клуб на пензионери, кои сè уште се способни да го потресат светот. Некои велат дека богатото искуство е незаменливо. Освен ако не се претера, како што неодамна покажа Џо Бајден.

Како супермаркетите се богатат од бесплатни залчиња

Нема бесплатен ручек? Секако, тоа е една од девизите на синџирот супермаркети Costco, кој на купувачите упорно им нуди бесплатни залчиња најразновидна храна, од тартуфи до карфиол. Луѓето не можат да одолеат на храна ако е бесплатна, а маркетите заработуваат богатство од зголемената доверба, рекламирањето по социјалните мрежи и членските картички.

Тексас против „шеријатските градови“

Ако после 11 септември во САД најмногу се стравуваше од исламски тероризам однадвор, денешниот американски страв е дека оваа религија ги руши темелите на американската нација. Иако бројот на муслимани во САД е речиси безначаен, европските градови се посочуваат како предупредување што може да се случи и таму. 

Конечно почна „вечната војна“ на Трамп

Конфликтот со Иран сè повеќе личи на вечните војни на САД, кои Трамп вети дека ќе ги прекине. Можеби никогаш нема да вклучува војници на терен или „промена на режимот“ на исто ниво со Ирак или Авганистан. Но, војната ги покажува сите знаци на мочуриште, од кое наследниците на Трамп во Белата куќа ќе треба да ги извлекуваат Американците.

Мик Џегер: Нема ништо добро во стареењето

Кон крајот на јули, истурениот напаѓач на Ролинг Стоунс ќе полни 83 години. За Њујорк Тајмс деновиве ги сподели своите размислувања за стареењето, зрелоста и како се менува пристапот кон песните. Колку се тие баобаби од Стонси поинаку стари од сите други стари на светот се гледа и од она на што се пожали Џегер на овие години: „Кога играш фудбал, те ставаат за голман“(?!)   

Украинците водат против Русите во битката за дезертирање

Земјите што се борат во најголемата војна во Европа по 1945 година губат по цела армија војници без да испукаат ниту еден куршум. Во натпреварот кој повеќе ќе дезертира или нема да се појави на фронтот, Украинците се далеку поуспешни. Како што војната влегува во својата петта година, успехот на бојното поле ќе да зависи од тоа која земја прва ќе го исцрпи базенот за регрутација.

Картелите и Светското

Додека фудбалски навивачи ги преполнија улиците на Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј, кои беа домаќини на натпревари од Светското првенство, далеку од камерите во Мексико продолжува војната на картелите за проширување на териториите, во која страдаат недолжни цивили. Во битките со локалните стражи се користат дронови со бомби и оружје шверцувано од САД.

Кравите од загадувачи станаа богатство на ЕУ

ЕУ со години ги гледаше говедата како мали фабрики за штетни гасови кои треба да се уништат за да се спаси Зелената агенда. Брисел конечно си го преиспита ставот и во нова стратегија го прогласи добитокот за критична инфраструктура. Признава дека метанот од кравите не е толку страшен за планетата и дека фармите немаат никаква врска со фосилни горива.

Лесно де да се задолжуваш кога кај тебе е печатницата

Американското министерство за финансии, во фискалната 2026 година се задолжувало по 155 милијарди долари - секој месец! Најновиот месечен извештај на Канцеларијата за конгресен буџет потврди дека каматата на јавниот долг за фискалната година достигнал 857 милијарди долари: приближно 23,8 милијарди долари неделно.

Како се приватизираше Пентагон

Трупањето оружје само ја зголемува опасноста со која се правда таквото трупање.  Секој воен буџет на земјите од НАТО го потврдува чувството на Москва дека околу неа се стега обрачот. Зад сетоа тоа стојат луѓе и кругови кои ги бројат дивидендите што ги нарекуваат безбедност.

Во ЕУ со години се прска со пестицид со лажен извештај за безбедност

Земјоделско средство за уништување на габи пред две децении било одобрено од ЕУ како безбедно врз основа на погрешни заклучоци од истражување кое било спонзорирано од производителот. Дури сега, во студија спроведена со идентични методи, е потврдено дека фунгицидот може да предизвика трајни последици за развојот на мозокот.

Војните станаа бесмислени

Воени стратези и теоретичари одамна предупредувале дека победите на бојните полиња всушност се пораз ако не е остварена јасна политичка цел. Уште пред повеќе од еден век се теоретизирало дека трошоците на војувањето по дефиниција ги надминуваат добивките. Операцијата Епски бес на Трамп во Иран е само дел од низата што ја потврдува тезата дека војните станале бесмислени.

Тревога во Берлин: Делат бесплатен кокаин во поштенски сандачиња

Германската полиција предупредува на новите тактики на наркодилерите во Берлин, кои почнале бесплатно да доставуваат кокаин во поштенски сандачиња. Дрогата е спакувана во шарени кесички, кои по дефиниција го привлекуваат вниманието на децата. Ако некој е заинтересиран за дрогата, во пакетот има адреса каде може да нарача. 

ЕУ ги озакони дигиталните шпиони во колите

Откога почна да се вградуваат камери и сензори во колите, отворено е прашањето дали тие повеќе им помагаат на возачите, на осигурителните компании или на владините агенции што ги надгледуваат граѓаните. Новите правила на ЕУ ја оставаат таа дилема отворена. Ќе се снимаат погледот и сите движења на возачите, а сите податоци ќе се чуваат во „црна кутија“.

Канада ѝ се враќа на нафтата

Канадскиот премиер Марк Карни има дарба меѓу политичарите да признава грешки, колку и да се незгодни за јавноста и ризични за неговата функција. Така беше на Самитот во Давос, кога кажа дека светскиот поредок веќе бил осуден на пропаст. Сега признава дека „зелените политики“ на неговиот претходник Џастин Трудо ѝ изгубиле цела деценија на Канада.

Ормускиот проток е новото „нуклеарно“ оружје на Иран

Војната што ја почнаа САД и Израел ги промени стратегиските приоритети на раководството во Техеран. Нивното „златно оружје“ повеќе не е оспорената нуклеарна програма, поради која со години трпеа санкции, туку правото на контрола на сообраќајот низ Ормускиот проток. За ова право се решени да војуваат ако треба и убедени се дека никој не може да им го одземе.

Големата лага за украинската војна

Во редовни интервали од инвазијата на Путин, западниот политичко-медиумски комплекс работеше на убедување на јавноста дека победата за Украина е веднаш зад аголот и дека Русија е на работ на колапс. Така е и ова лето. Се слават успесите на украинските дронови а се заборава дека колку повеќе е притиснат, толку Путин повеќе ќе биде принуден да ја ескалира војната. 

Се запишуваат на факултет, а не можат да решат задача за петто одделение

Образовните системи во богатите земји произведуваат незнајковци, покажува ново глобално истражување. Секој петти бруцош на факултети во Израел или Полска чита и решава математички проблем на ниво на десетгодишник. Зошто да учи, кога во џебот има бот што знае сè? Ова го поттикнуваат и универзитетите, кои во битка за студенти ги спуштаат критериумите за уписи. 

Секој трет Американец смета дека Израел извршил геноцид врз Палестинците

Покрај тоа што ги срамни со земја Газа и јужен Либан, Нетанјаху ја уништи и децениската поддршка што Израел ја имаше од јавноста на својот најблизок сојузник. Речиси една третина од Американците веруваат дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа, покажува нова анкета. Во тоа дури се убедени и сличен процент од анкетираните Евреи во САД. 

ЕУ протнува масовен надзор низ задна врата

Во последните работни денови пред летниот одмор, претседателката на Европскиот парламент по итна постапка закажа гласање за иницијативата за надгледување на разговорите на корисници на социјалните платформи. Се заобиколува комисиска расправа, која е задолжителна спроти гласања за мерки што може да бидат блокирани само со апсолутно мнозинство гласови.