Кралот е гол ама има полицајци

Црвените линии на извесен Сајмон Бенет, лидер на британската конзервативна партија во градскиот совет на Вулверхемптон, очигледно се исцртани околу критики за модата. Бенет му нагрбачил полиција на 15-годишно момче затоа што го исмејувал неговиот стил на облекување. Малиот го апселе четворица полицајци.

Момчето идентификувано само како „Фрејзер“ е 15-годишен фан на партијата на Најџел Фараж. За да го апсат, дома му упаднале четири полицајци и го однеле на земање отпечатоци, фотографирање и земање ДНК примероци а во меѓувреме била претресена неговата спална соба и телефон.

Сето тоа поради неговите заебанции како Бенет се облекува на јавни настани.

На еден таков состанок бил по шорцеви и маица а на следниот, кога дошол облечен стандардно, Фрејзер напишал дека сега барем не личи на „дечко за рентање,“ назив што се користи за машки проститутки. 

„Полицијата не апси без причина... Имаше голем број објави што ме таргетираа мене... Беше непријатно и бев мета на дете со кое немав начин да се справам“, рекол чувствителниот.

Бројни се доказите за тоа дека слободата на говорот е во слободен пад во Обединетото Кралство, вклучително и апсењето на комичари и деца кои се подбиваат на игралиште.

Човек бил осуден затоа што на пијано испратил недоличен твит за мртов воен ветеран, друг за носење маица со анти-полициски напис, трет затоа што го нарекол ирското момче на неговата екс девојка „лепрекон“. четврт затоа што ја пеел песната „Kung Fu Fighting“. 

Речит е примерот со еден 52 годишен нео-нацист кој бил осуден на 4 години затвор само врз основа на она што имал дома: наци постери, симболи и слично. Немало никакви докази дека тој неговата идеологија ја ширел надвор од својата спална соба, ни физички ни онлајн па сепак отишол на робија заради нејзината токсичност.

 

11 октомври 2026 - 09:39